Реклама
MAMAКафе муабет

Одлична причина зошто е добро да дремнете преку ден

Реклама

Повременото дремнување пореку денот, еднаш до два пати, може речиси на половина да го намали ризикот од срцев или мозочен удар, а тоа го покажала една швајцарска студија.

ФОТО: verywellhealth.com

Експертите ја проучувале врската помеѓу просечното траење на дневната дремка и нејзиното влијание на ризикот од срцев или мозочен удар. Во студијата биле опфатени личности од 35 до 75 години и нивната здравствена состојба во текот на пет години.

Повеќе од половина од испитаниците (58%), рекле дека не спиеле во текот на денот последните седум дена, 19% спиеле еднаш до два пати неделно, додека 12% спиеле во текот на денот три до пет пати неделно. 11% од нив во текот на неделата дремнувале 6 до 7 дена. Од испитувањето е заклучено дека повременото спиење во текот на денот, еднаш до два пати, е поврзано со помал ризик од срцев или мозочен удар, во споредба со оние кои не дремнувале во текот на денот.

Маркетинг

Поврзано

Back to top button