Реклама
BEAUTYКожа и нокти

Одлична маска за лице со аспирин

Реклама

Доколку редовно ги употребувате чудотворните маски за лице со аспирин, вашата кожа ќе ја претворите во совршено здрава, убава и сјајна.

Еве зошто аспиринот е толку добар:

Маркетинг
  • Совршено ја чисти кожата
  • Го смалува лачењето на лојни жлезди
  • Спречува создавање акни
  • Спречува воспаление на лицето
  • Го намалува црвенилото
  • Ја подобрува еластичноста на кожата

Маските од аспирин се препорачуваат за:

  • Проблематична кожа
  • Масна кожа
  • Стара кожа

Бидејќи аспиринот е лек, а не природна супстанца, постојат и чувствителни групи кои не би требало да користат маска со аспирин:

Маркетинг
  • Бремени жени
  • Доилки
  • Личности склони кон алергии
  • Личности кои имаат отворени рани или исекотини на лицето

За да ја подготвите оваа маска, иситнете четири таблети (од 100 мг) аспирин и промешајте ги со една лажичка вода. Додајте малку мед или маслиново (или друго растително) масло, па промешајте. Нанесете ја смесата на претходно измиена кожа и нежно масирајте неколку минути, без претерано триење. Оставете ја да постои така околу десетина минути, па потоа исплакнете.

Поврзано

Back to top button