Реклама
Дом и семејство

Како да го одгледате вашето дете: 6 совети од искусен психолог

Реклама

Повеќето родители се уморни од приказната дека технологијата им штети на нивните деца.

 dete

Повеќето родители се уморни од приказната дека технологијата им штети на нивните деца. Мајките и татковците во дигиталната ера се свесни за грижите кои им претстојат. Но, и покрај сето лудило на модерното воспитување, основите на моралното воспитување немаат се променето. Родителите сакаат нивните деца да ги остварат своите цели, да пронајдат среќа, а научници од Харвард веруваат дека поради тоа не мораат да трпат љубезност и емпатија.

Маркетинг

Тие претставуваат неколку испробани стратегии кои претставуваат најдобар начин од своето дете да создадете морално правилна личност и ориентирана кон исполнување на своите цели. Ви прикажуваме шест практични совети.

1. Поминувајте време со вашите деца

Маркетинг

Тоа е основа на сѐ. Поминувајте квалитетно време со нив, поставувајте им отворени прашања и внимателно слушајте ги нивните одговори.

2. Она што е важно, кажете го јасно и гласно

Според научниците, иако повеќето родители и негувателки кажуваат дека грижата за децата е приоритет, често децата не ја слушаат таа порака. Затоа, кажете го тоа пред нив, па така ќе знаат на што треба да се навикнуваат. Исто така проверете како се однесуваат и наставниците и другите луѓе кои работат со вашите деца.

3. Покажете му на детето како да го реши проблемот

Поминете преку процесот на донесување одлуки кој може да влијае и на другите луѓе. На пример, ако детето сака да се откаже од спортот кој го тренира или од некоја друга активност, охрабрете го да го идентификува проблемот и да ја тестира својата посветеност. Потоа помогнете му да сфати дали откажувањето навистина ќе го реши неговиот проблем.

4. Воведете рутина на помагање и благодарност

Научниците велат дека оние луѓе кои имаат навика да искажат благодарност, тие се повеќе склони да бидат среќни и здрви. Затоа им се препорачува на родителите да ја одржуваат оваа основа, барајќи од децата да им помогнат на нивните браќа или сестри, а и да бидат благодарни за она што ќе биде направено за нив.

5. Обрнете внимание на негативните емоции

Помогнете им на децата да ги идентификуваат, именуваат и анализираат негативните емоции, а многу е важно да поставите и јасни и разумни граници, за нивна безбедност.

6. Покажете им поширока слика за ситуацијата

Научете ги внимателно да ги сослушуваат другите, така што ќе ги поттикнувате да се стават на нивно место, односно да „бидат во нивни чевли“.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button