БлогВестиВестиВирално

Одбиен од македонската амбасада, примен е во словенечкиот парламент: Студентот Филип со искрена приказна

Advertisement

Филип Трајковски, млад Македонец кој минатата година заминал на магистерски студии во Словенија, ја сподели својата  приказна која на најдобар начин ја покажува разликата меѓу институционалната култура дома и надвор од државата.

„Во Љубљана затекнав функционален и организиран град со култура и хигиена на завидливо ниво. Ме потсети на тоа што нашите места би можеле да бидат, но не се. Сепак, наместо да барам причини, ќе споделам пример,“ започнува тој во својата објава.

Advertisement

Како дел од условите за магистерските студии, Филип требал да одработи задолжителна пракса. Со искрена желба да стекне искуство во рамки на македонските институции, се упатил до Амбасадата на Република Северна Македонија во Љубљана.

„Исполнет со ентузијазам и желба за работа, заѕвонив на вратите на амбасадата и се претставив како студент заинтересиран за пракса – без надомест, без барања, само со желба да научам,“ раскажува тој.

Но одговорот бил демотивирачки. „Бев информиран дека не знаат дали воопшто е можно такво нешто, а дури и да може – постапката трае пет до шест месеци,“ пишува Филип. Разочаран, но не и изненаден, заминал со мислата дека можеби нема да има можност за пракса.

Сѐ се променило кога посетил саем за практиканти на неговиот факултет, каде што единствено словенечкиот парламент нудел пракса соодветна на неговите студии. „Со својот несовршен словенечки се пријавив и разговарав со генералниот секретар Уршула Зоре Тавчар, која го препозна мојот труд и ме покани на прием.“

По неколку средби, Филип добил едномесечна пракса во словенечкиот парламент. „Без разлика што сум странски студент, добивам еднаков третман и големо трпение од сите. Никој не ме гледа како помал од себе,“ додава тој.

„Сѐ што беше потребно беа валидни документи, неколку средби и желба за соработка. Објавата ја споделувам за да направам споредба – не како критика, туку како потсетник дека можеби не бараме многу, туку премалку очекуваме. Македонија вечна,“ завршува Филип Трајковски.

Сѐ додека работодавците не сфатат дека студентската пракса носи корист еднакво и за двете страни – компаниите и студентите, системот нема да се подобри. Студентите уште долго време ќе варат кафе во компаниите наместо да стекнуваат знаење. Една од клучните промени што мора да се случат во стопанството е компаниите да воведат обуки за менторство, да имаат обучен педагог-ментор кој ќе се грижи за секој чекор што го направил студентот додека волонтирал кај нив

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button