Одамна не сме ги виделе заедно! Еве како изгледа денес поранешната прва дама на Македонија
Објавени нови фотографии на официјалната страница на поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов

После долго време забележани заедно во јавноста…
Поранешниот претседател на Македонија Ѓорѓе Иванов, на еден настан во Скопје се појави со својата сопруга Маја.
Тие се појавија задно по подолго време на осветувањето на новиот храм „Св. Константин и Јелена“ во Скопје, а фотографиите што беа објавени на официјалната страница на претседателот ги воодушевија сите.
Фејсбук/ Ѓорѓе Иванов
Поранешниот претседател на Македонија привлекува внимание каде и да се појави, но овој пат во фокусот беше и неговата понежна половина, бидејќи одамна се немаа појавено заедно на немој настан.
Тие присуствуваа на чинот на осветување на новиот храм во центарот на Скопје, а Маја за своето грациозно издание доби бројни честитки под објавените фотографии на социјалните мрежи.
Имено, поранешната прва дама за оваа пригода носеше елегантен црно-бел комплет, а во слични нијанси беше и г. Иванов.
Потсетуваме, поранешниот претседател знае одвреме-навреме да се огласи на социјалните мрежи, а тоа најчесто го прави за некои празници или роденденски прослави во неговото семејство.
Па така Иванов кој беше претседател од 2009 до 2019 година, за Нова година сподели семејна фотографија на Фејсбук, со која исто така никого не остави рамнодушен, посебно заради малите јунаци на неа.
Имено, тогаш на фотографијата беше и неговиот син Иван и снаата Јана, но и внучињата и домашниот миленик, а посебно привлече внимание Ѓорѓе Иванов – Јуниор, кој пред неколку месеци наполни три години и кој името го доби од својот дедо.
Како изгледаше ова весело семејство тогаш, потсетете се тука >>