Наши ѕвезди

Од тежок живот во Македонија, до музичка дива во цела Југославија – оваа жена и денес ја обожаваат

Дали ја препознавате пејачката на фотографијата?

Advertisement

Оваа дама не е само пејачка – таа е симбол на едно време, жена која со својот шарм и глас беше икона во поранешна Југославија

Стара фотографија која овие денови се појави на социјалните мрежи ја потсети нашата јавност како некогаш, во нејзината младост, изгледала една од најголемите македонски музички ѕвезди.

Advertisement

На фотографијата е млада девојка која е родена во Скопје, но која од својата младост сонувала за големата сцена.

Принтскрин/ Јутуб, Екс-Ју Архив

Нејзините родители ќе се разделат за многу брзо време откако таа ќе се роди, кога немала ни три месеци.

Advertisement

Таа потоа на своја деветгодишна возраст заминува во Шведска, каде уште како многу млада ќе мора да почне да работи, за да и помогне на својата мајка. Потоа се враќаат во Македонија каде ќе го продолжи своето образование, па на почетокот од кариерата се појавува и во неколку претстави и филмови, а има освоено и награда за најдобра женска улога.

Принтскрин/ Јутуб

Станува збор за култниот македонски филм „Јужна патека“ од 1982 година за кој оваа дама ќе ја освои и наградата.

Но, заради музиката, таа не го завршува школувањето, а при крајот на 70-те и почетокот на 80-те започнува нејзината музичка кариера, посебно по безвременскиот хит „Лиду, лиду“ од 1983 година.

Принтскрин/ Јутуб, Екс-Ју Архив

Да, ова е Маја Оџаклиевска, Македонката која освои милиони срца ширум сите републики во поранешна Југославија.

Принтскрин/ Јутуб, Екс-Ју Архив

Нејзината кариера продолжи да се движи по угорна линија, со бројни песни кои станаа безвременски хитови.

Таа со својот извонреден глас, шарм и скромност и денес привлекува внимание, иако веќе со години живее повлечен живот.

Имено, Маја своевремено се појавуваше на речиси сите позначајни фестивали во Југославија и секогаш беше во центарот на вниманието. Публиката ја обожаваше, така што речиси и да немаше фестивал на кој оваа неверојатна пејачка немаше освено награда.

Принтскрин/ Јутуб, Екс-Ју Архив

Но во еден момент ќе се повлече од јавната сцена и ќе се посвети на своите две ќерки, Теа и Андреа кои е ги добие од различни партнери.

Таа долго време живееше во Белград, но пред неколку години ќе се пресели во приградската населба Велика Плана, Старо Село.

Принтскрин/ Јутуб, Сузанин избор

Пејачката таму ќе купи куќа и ќе замине да живее со својот внук Лука кој има аутизам, па заради него и се сели на ова мирно место.

Инстаграм

Покрај Теа, која не се експонира во јавноста и од кого го има внукот Лука, Маја ја има и ќерката Андреа која пак, е активна на Инстаграм.

Помалата ќерка уште како дете ја следеше Маја на телевизиските настапи и уште тогаш беше забележана заради својот шарм.

Според многумина, таа многу личи на Маја, а како изгледа, погледнете од нејзините Инстаграм фотографии.

Инстаграм/ Андреа Оџаклиевска

Инстаграм/ Андреа Оџаклиевска

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

New Ad
Back to top button