Реклама
Наши ѕвезди

Од стрелаштво до уметност – Дивна Пешиќ денес е поубава од кога било (фото)

Пред пет години, Дивна која е ликовна уметница, отвори сопствена галерија во Денвил, и од време навреме на социјалните мрежи објавува фотографии од изложбите.

Реклама

Нашата најдобра стрелачка, Дивна Пешиќ Грозаднов, со 37 државни рекорди во машка и женска конкуренција, со два златни медала на Балканот, 14-то место во Европа, 15-ти резултат во светот во стрелаштво, денес „пука“ во платната. Со бои.

Со сопругот Блаже и двете деца, Стефан и Виктор, живеат во Америка. И Дивна денес, преубава е!

Пред пет години, Дивна која е ликовна уметница, отвори сопствена галерија во Денвил, и од време навреме на социјалните мрежи објавува фотографии од изложбите. Така беше и овојпат.

Маркетинг

На фотографиите позира во црно-син фустан со нагласено деколте, а препознатливата кадрава коса го привлекува вниманието, како и извајаната фигура.

фото-Фејсбук

Убавицата од Кавадарци, како што порано се докажа во стрелаштвото, денес е етаблирана сликарка, среќна сопруга и реализирана мајка.

Маркетинг
фото – фејсбук
фото – фејсбук

Додека Дивна за многумина е инспирација и поим за жена, таа во едно интервју ни откри дека за неа поим за жена е мајка ѝ.

„Мојот поим за жена била мајка ми, на лик поубава од Софија Лорен, во душата подобра од ангел, во срцето похрабра од маж, цел живот среќно вљубена во татко ми, посветена на семејството, вредна, паметна, духовита, образована, хумана… Разликата во моето гледиште кон поимот жена е што откако јас станав мајка ја почувствував безусловната љубов и силата која ти ја дава семејството“, ни рече тогаш Дивна.

Инаку, во 2024 година, Дивна се најде на престижната листа на топ десет најдобри современи уметници во светот.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button