Новости

Од скромно момче од планините до глас на народот- животната приказна на Халид Бешлиќ

Тажна вест од Сараево ја потресе музичката сцена на целиот Балкан, си замина Халид Бешлиќ, човекот чии песни ја обележаа младоста и носталгијата на повеќе генерации.

Advertisement

Во својата 7. година од животот, по тешка болест, престана да чука срцето на еден од најпрепознатливите и најомилените пејачи на народната музика, Халид Бешлиќ.

Роден е на 20 ноември 1953 година во селото Кнежина кај Соколац, во семејство што живеело скромно, но домот секогаш бил исполнет со топлина и со песна.

Advertisement

„Како и секое планинско дете, немав многу, но имав среќно детство. Тоа детство ме изгради, тоа е коренот од кој сум пораснал“, знаеше често да каже Халид.

Од најрано детство се слушале песните на радио и народните песни од регионот. Пеел по училишни приредби, а соседите често раскажувале дека „малиот Халид“ никогаш не можел да помине по улицата, а да не запее.

Advertisement

Од кафеаните до ѕвездите

По завршувањето на воениот рок, Халид се преселил во Сараево, градот кој ќе стане негова судбина. Почнал скромно, пеејќи по мали ресторани и кафеани, со микрофон во раце и срце полно со надеж.

„Почнав во кафеани, пеев секоја вечер. Беше тешко, но ја сакав таа борба. Секој аплауз ми беше потврда дека вреди,“ се сеќаваше подоцна.

Неговиот глас бил различен од дотогаш слушнаите- длабок, топол, човечки. Во времето кога се барала искреност, Халид ја носел во секој стих. Брзо привлекол внимание од продуцентите и од музичарите.

Крајот на седумдесеттите му ја донел првата шанса за снимање, а во 1981 година го издал својот дебитантски албум „Сиједи старац“, кој веднаш навестил дека се раѓа нешто големо.

Хитови што го обележаа времето

Следните години биле вистинска експлозија на популарност за Халид. Со песни како „Не сакам, не сакам дијаманти“, „Биди секогаш среќна“, “Романија“, „Во мене есен е“ и „Еј, зоро, не се разденувај“, Халид стана глас на емоцијата, на тагата и на радоста, на обичниот човек.

Неговите концерти беа распродадени месеци однапред. Публиката го дочекуваше со стоечки овации, а медиумите го нарекоа „гласот на народот“.

Неговата песна „Миљацка“ стана химна на љубовта, песна која и денес е дел од секоја свадба, секоја ноќна забава, секое сеќавање на младоста.

Години на хуманост и на војна

Кога започна војната во Босна и Херцеговина, Халид не замолкна. Напротив, неговиот глас стана мост меѓу луѓето.

Во текот на тие години, одржал повеќе од 500 хуманитарни концерти низ цела Европа, собирајќи средства за бегалци и семејства погодени од војната.

„Во тие години пеев со срце што болеше, но знаев дека морам. Моите песни беа утеха и за мене и за народот“, изјави во едно интервју.

Токму тогаш, низ болка и низ солзи, Халид покажа дека не е само пејач, туку е човек со големо срце.

Несреќата што му го промени животот

Во март 2009 година, во во Сараево, пејачот доживеа тешка сообраќајна несреќа. Автомобилот целосно беше уништен, а Халид со тешки повреди на главата и лицето беше пренесен во болница.

Лекарите се бореа за неговиот живот, а тој помина 12 дена во кома. По будењето, се соочи со тоа дека го изгуби едното око, но не и волјата за живот.

„Сфатив дека ми е подарен втор живот. Сега повеќе го ценам секое утро, секој здив,“ изјави подоцна.

Само неколку месеци подоцна, против сите прогнози на лекарите, се врати на сцената. Повратничкиот концерт во Загреб во истата година беше симболичен, но триумф на волјата и љубовта кон публиката.

По несреќата, Халид не го изгуби духот. Напротив, неговата музика доби уште поголема длабочина. Издаде неколку успешни албуми, меѓу кои „Прв бакнеж“ (2003), „Халид 08“ (2007) и „Требевиќ“ (2020).

Секоја песна беше искрена приказна за животот, љубовта, стареењето, простувањето.

Публиката го обожаваше не само поради гласот, туку и поради едноставноста, човечноста и верноста кон корените.

Семејство и човекот зад славата

Од 1977 година, Халид беше во брак со својата животна сопатничка Сејда, со која го има синот Дино.

Иако ретко зборуваше за приватниот живот, често велеше дека верата, семејството и чесноста се најголемите вредности што човек може да ги има.

„Не сум пеел песна за да бидам славен, туку затоа што сум ја чувствувал. Ако барем еден човек ја доживее како своја, тогаш сум успеал“, рече своевремено Хали во едно интервју.

Халид Бешлиќ не беше само пејач, тој беше звучна слика на едно време. Неговите песни го следеа народот во љубовите, разделбите, веселбите, тагите. Тој имаше редок дар, да ја претвори секојдневната болка во музика што лечи.

Со неговото заминување, Балканот изгуби не само голем пејач, туку и симбол на човечноста и достоинството.

Но, песните остануваат како живи сведоштва за човек кој пееше за сите нас.

„Кога пеам, чувствувам дека сум жив“

Така знаеше да каже. И навистина, Халид ќе остане жив, во песната, во сеќавањата, во гласовите на оние што ќе го пеат уште долго по нас.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

New Ad
Back to top button