CelebrityНовости

Од сестри до непријатели – Јелена откри зошто не сака ниту да ја види Марија

Advertisement

Во последното појавување во „Амиџи шоу“, Јелена Карлеуша го отвори своето срце и искрено проговори за многу теми, меѓу кои и за прекинот на долгогодишното пријателство со пејачката Марија Шерифовиќ.

Двете порано блиски пријателки и колешки на жирито во шоуто „Ѕвездите на Гранд“ сега веќе не се ни во контакт. Карлеуша, која денес е дел од „Ѕвездите на Пинк“, откри што ја натерало да стави точка на нивниот однос.

Advertisement

„Ја сметав за многу блиска пријателка. Секогаш бев тука за неа. Знаеше низ што минувам, и како жена, и како јавна личност, и како уметник. А токму во тој тежок период, открив дека таа има лајкнато еден навредлив и подбивен коментар за мене на социјалните мрежи. Ме повреди длабоко, како човек и како колешка. Без двоумење ја отследив веднаш. Тоа беше крај.“

Карлеуша објасни дека очекувала поддршка, но наместо тоа добила нешто сосема спротивно.

„Тоа што најмногу боли е што токму од неа очекував разбирање и поддршка, а ја добив најголемата навреда. Сето тоа за мене беше доволно – не можев да продолжам да го гледам тоа како пријателство.“

Advertisement

Во истото гостување, таа се осврна и на нејзиното враќање на телевизија „Пинк“, каде сега е член на жирито во новото музичко шоу.

„Долго време не бев дел од Пинк, што сега го гледам како грешка. Оваа покана ја прифатив со срце. Сакам луѓето повторно да ме видат онаква каква што сум навистина, а не како што ме прикажуваат – со многу предрасуди, омраза и неправда. И после 30 години кариера, пак морам да докажувам дека сум нешто друго, не тоа што некои сакаат да ме направат.“

Карлеуша не крие дека медиумскиот притисок и личните напади ја следат низ целата кариера, но и натаму останува борбена и гласна.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама
New Ad
Back to top button