Од првиот ден знаев дека си моето срце – кому Тамара му ги посвети најемотивните стихови?

Во домот на македонската поп-ѕвезда Тамара Тодевска деновиве владее вистинска славеничка атмосфера. Нејзиниот син Дарен го прослави својот седми роденден, а пејачката со голема љубов го одбележа овој значаен ден на социјалните мрежи.
Тамара сподели фотографии и видеа од семејната прослава, на кои позираат славеникот Дарен, неговата сестра Хана и партнерот на пејачката, Лука Радовиќ. Топлината од нивните насмевки и блискоста на семејството веднаш го освоија вниманието на фановите.
Во емотивната објава посветена на синот, Тамара напиша:
-Среќен 7-ми роденден, сине. Од првиот здив знаев дека ти си моето срце надвор од мене. Со тебе љубовта доби ново значење, а секој ден е полн со светлина. Биди среќен и здрав, нека светот ти ги отвори сите врвови. Дарен, те сакаме бескрајно. Мама, Хана и Лука, пишува Тамара.
Дарен и Хана се деца на Тамара од бракот со поранешниот партнер, Александар Димитровски – Мачка. Иако повеќе не се заедно, двацјата продолжуваат заеднички да се грижат за своите деца, а Тамара често споделува моменти исполнети со љубов, гордост и поддршка. Фановите во коментарите ѝ упатија бројни честитки на пејачката и малечкиот славеник, посакувајќи му безгрижно детство, здравје и многу успеси.
View this post on Instagram



