CelebrityНовости

Од пријавување во полиција до венчавка на Малдиви – Љубовната сапуница на Ана Николиќ и Рале ја тресе јавноста!

Advertisement

Од романтично бегство до јавен скандал, така може да се опише бурната приказна меѓу пејачката Ана Николиќ и композиторот Горан Ратковиќ – Рале, кои во само неколку дена доживеаја и свадба и жестока расправија, а потоа повторно се помирија.

По повеќемесечен прекин и пријава за семејно насилство, Ана и Рале повторно се зближија и отпатуваа на Малдивите, каде што организираа симболична свадбена церемонија. Венчањето се одржа на песочна плажа при зајдисонце, во организација на хотелскиот ризорт, иако брачниот чин таму нема правна сила. За двајцата тоа претставувало обид да му дадат нов почеток на својот однос.

Advertisement

По неколку мирни денови, двојката замина за Дубаи, каде што Ана требаше да сними спот за новата песна „Није ми 22“. Наместо продолжение на романтичниот одмор, таму настана нова драма. Според српските медиуми, по бурна кавга во текот на ноќта, Рале ги собрал своите и нејзините пари и го напуштил хотелот во кој биле сместени. Ана останала без средства, а хотелското раководство побарало да ја напушти собата и да ги подмири трошоците во износ од околу четири илјади евра.

Пејачката одбила да излезе, се заклучила во собата и неколкупати ја повикала полицијата, обвинувајќи го сопругот дека ја оставил без пари во странство. Вработените во хотелот неколку пати тропале на нејзината врата, а на крајот пристигнало и обезбедување кое започнало да ги изнесува нејзините торби. Ана го снимала целиот инцидент со мобилниот телефон, а видеото подоцна се појави во медиумите. На него се слуша како пејачката вика и им се спротивставува на вработените, тврдејќи дека сместувањето е платено.

По инцидентот, Ана изјави дека ќе го пријави Рале за силување и остро го нападна во своето соопштение до јавноста. Неколку часа подоцна, композиторот се огласи со своја страна на приказната. Тој тврдеше дека ги подмирил сите сметки во хотелот преку сопствената сметка и дека целиот случај е резултат на недоразбирање.

Advertisement

„Сè платив, тоа ме чинеше повеќе од триесет илјади евра. Ако има доказ дека ми дала пари, нека го покаже. Таа направи хаос во хотелот и затоа беше повикана полиција“, изјави Ратковиќ.

Според сведоци, по расправијата следела напната ноќ во која полицијата била повикана да интервенира, но ситуацијата завршила без посериозни последици. Ана останала во својата соба, а Рале се преселил во друга. Следното утро, двајцата се сретнале во лобито на хотелот и по подолг разговор се помириле. Се договориле заедно да се вратат во Белград и, како што изјавиле извори блиски до нив, одлучиле да му дадат уште една шанса на својот однос.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама
New Ad
Back to top button