![](/wp-content/uploads/2025/02/zara.jpg)
Дали и вам ви се чини како попустите за зимска облека пребрзо да завршија? За разлика од претходните години кога намалувањата траеја и во февруари оваа година и кон крајот на јануари веќе изборот за облека на попуст беше сведен на минимум.
Тргнавме низ обиколка во најпопуларните брендови кои го привлекуваат вниманието кај потрошувачите со големите попусти залепени на излозите ДО 70%. Овојпат ви ја носиме сликата од едно место и тоа омилено за многумина.
ZARA е дефинитивно една од најпосакуваните продавници за облека кај нас. Овој шпански бренд го освои срцето и кај мажите и кај жените. Ретко кој нема барем едно парче од ZARA.
![](/wp-content/uploads/2025/02/bb9e23a3-f33f-4e87-8d6c-39e59652c22f-768x1024.jpg)
Дали сте забележале дека кога ќе се најави големиот попуст овде продавницата добива друг изглед за разлика од деновите кога се изложува новата колекција. Од префинета продавница станува бувјак!
Расфрлена облека по подот, искинати парчиња, неуредно разнесена облека по сите страни, распар обувки, чевли уништени од пробување, фустани со расипан патент…
Гледајќи ја наоколу сликата во ZARA во делот кај попустите се откажавме да купиме било што.
Дали вие би купиле фустан кој лежел на подот и некој го газел? Дали воопшто би пробале некое вакво парче, па макар и да чини беспари?
Зошто еден бренд си дозволува да се доведе до една ваква ситуација?!
Кога сме кај попустите навистина имаа гоелми попусти. Се обидовме со видео да ви доловиме дека можете да најдете до 1000 денари и свечени фустани, фармерки, блузи… Имаат огромен попуст и на чизми и блејзери.
![](/wp-content/uploads/2025/02/61db8f99-dcca-4925-a48c-2245b205d229-1024x768.jpg)
Погледнете од видеата што ги направивме за вас и одлучете сами дали сакате да си купите нешто од овде.
Споделете ни и вие енкое лично искуство од вашиот шопинг. Каде сте се разочарале или која продавница ве воодушевила.
Кажете ни каде сакате следно да прошетаме за вас! Вашите препораки ги очекуваме на glamur102030@yahoo.com.
![](/wp-content/uploads/2025/02/c5b44e95-cfe1-4c40-b9ba-39b52beacfb3-1024x768.jpg)