Од пиле млеко – вака се јаде и пие за Велигден кај Брена, трпезата крцка од печење, пити, салати…
Синот на Брена покажа како се слави Велигден во нивниот дом.

Виктор Живојиновиќ, синот на Лепа Брена и Боба Живојиновиќ, покажа како изгледаат прославите на Велигден во нивниот дом на Бежаниска коса.
Познато е дека во домот на Брена мажите ја водат главната улога во кујната, особено Боба, а сега Живојиновиќ добија и дополнителна помош.

Девојката на Виктор, Софија Спасојевиќ, ги засука ракавите и покажала колку добро се снаоѓа покрај шпоретот.
Овој млад пар се потруди околу декорацијата и бојадисувањето на јајцата, а се одлучиле за интензивно црвена боја и посебна техника за јајцата да бидат што повпечатливи и естетски интересни.

Живојиновиќ за Велигден приредија досега најбогата трпеза на која имаше сè – од печење, пити, колачи со вишни, разни салати до домашна погача, а тоа Виктор Живојиновиќ го сподели на својот Инстаграм профил.