Од овој популарен сок што се продава како здрава напивка си го уништи црниот дроб – лекарите во шок, мислеле дека е алкохоличарка
Сокот што го пиеме речиси секој ден ѝ го уништи црниот дроб. Лекарите мислеа дека е тешка алкохоличарка, а таа никогаш не пиела алкохол.

Болестите на црниот дроб обично се поврзуваат со прекумерна консумација на алкохол, но случајот на Алисон Џонсон ја побива оваа претпоставка. Кога таа спомнала дека има проблеми со црниот дроб, сите веднаш помислиле дека пие многу алкохол. Но, вистината била далеку од тоа.
„Никогаш не сум била алкохоличарка. Најмногу што сум пиела е едно до две пива неделно. Мојот проблем со црниот дроб дојде од прекумерната тежина и недостатокот на физичка активност“, раскажала Алисон за „Дејли мејл“.
Нејзиниот црн дроб бил толку оштетен што лекарите ѝ рекле дека, доколку не ја намали тежината, ќе почине во рок од две години. За среќа, тоа не се случило.
Ризикот од развој на неалкохолна масна болест на црниот дроб е особено висок кај луѓе со прекумерна тежина, кои не вежбаат, пушат, имаат висок холестерол или крвен притисок, како и кај жени со синдром на полицистични јајници.
Како дополнителен виновник се посочуваат слатките пијалаци, односно соковите. Тие можат да предизвикаат таложење масни клетки во црниот дроб, што во некои случаи може да доведе до воспаление и лузни на овој орган. Според експертите, дури и навидум безопасниот сок од портокал може да биде исто толку штетен колку и црвеното вино.
Advertisement
Алисон, пак, најчесто пиела сок од портокал, по пет до шест чаши дневно, мислејќи дека тоа е здраво.

Уште позагрижувачки е што оваа болест, која порано главно ги погодуваше луѓето на 40 и 50 години, сега сè почесто се јавува кај тинејџери и деца.
Во повеќето случаи, болеста нема симптоми, па многумина не се ни свесни дека ја имаат.
Обично се открива случајно, при крвни анализи за други здравствени проблеми, кога се забележуваат покачени нивоа на ензими на црниот дроб, што укажува на оштетување на клетките на овој орган.
Дополнителни прегледи, како ултразвук, можат да потврдат присуство на „масен“ црн дроб.
Алисон добила втора шанса. Денес таа се храни здраво, интензивно вежба и ги одржува тежината и шеќерот во крвта на оптимално ниво.
Повеќето луѓе не знаат дека имаат масен црн дроб и често велат дека се чувствуваат добро кога ќе им се дијагностицира. Симптомите, како жолто лице, болки во стомакот, отоци, темна урина, темна столица и чешање, се појавуваат дури во подоцнежните фази, објаснува професорот Фоловфилд за „Дејли мејл“.



