Од овој „бучкуруш“ за една недела ќе ја подобрите крвната слика до совршенство – лекарите во шок, цел свет полуде за кимчи
Ви носиме и рецепт за оваа суперхрана.

Кимчи, традиционалното јадење од ферментирана кинеска зелка, претставува неразделен дел од корејската култура и трпеза. Со историја долга неколку векови, ова јадење е присутно на секоја трпеза, од појадок до вечера. Но здравствените ефекти од овој „бучкуруш“ се импресивни. Крвната слика се подобрува само за една недела од конузимирањето на суперхраната.
Неговиот специфичен вкус доаѓа од процесот на лактоферментација и мешавината од ароматични зачини како лук, ѓумбир и корејскиот чили во прав – гочугару, (секако вие може да употребите македонско чили во прав), што му дава препознатлива пикантност.
Според истражување на Универзитетот во Конектикат, редовната консумација на кимчи може да помогне во намалување на крвниот притисок, шеќерот и нивото на триглицериди во крвта, а значително го подобрува имунитетот и крвните зрнца.
Но, кимчи одамна не е ограничен само на традиционалната корејска кујна. Денес сè почесто го среќаваме и во модерни јадења како пржен ориз со кимчи, во такоси, па дури и во тост со топен кашкавал и кимчи.
Суперхрана полна со пробиотици
Според д-р Шад Марвасти, директор на Институтот за интегративно здравје во Аризона, кимчи е вистинска суперхрана благодарение на своите пробиотички својства.
„Комбинира моќна ферментација со зеленчук богат со влакна, витамини и антиоксиданси“, објаснува тој. „Освен пробиотиците, кимчи содржи витамини А, Ц и К, а лукот, ѓумбирот и чилито имаат противвоспалителни и антимикробни својства.“
Марвасти нагласува дека за здравствени придобивки не е потребно да се јаде кимчи секој ден, туку доволно е една четвртина шолја неколку пати неделно за да се постигне ефектот.

Како да направите кимчи дома
Кимчи има уникатен вкус – ем солен, ем благ и киселкав и пријатно лут, се тоа истовремено. За почетници во консумацијата, најдобро е да се користи како додаток кон оброци со ориз, омлет или сендвичи, додека постепено се навикнете на неговиот вкус и арома.
РЕЦЕПТ: Домашен кимчи со кинеска зелка
Состојки:
1 главица кинеска зелка
2 супени лажици морска сол
3 чешниња лук (ситно сечкани)
1 парче свеж ѓумбир (рендан)
2 супени лажици чили во прав (или мешавина од чили и слатка пиперка)
2 млади кромида
1 лажица соја сос
Подготовка:
Исечете ја зелката на парчиња и посолете ја. Оставете ја околу 2 часа да омекне, потоа исплакнете ја и исцедете.
Во сад измешајте лук, ѓумбир, чили, кромид и соја сос.

Промешајте ја зелката со мешавината и наполнете ја во стаклена тегла, цврсто притиснувајќи за да нема воздух.
Оставете ја да ферментира на собна температура 2–3 дена, а потоа чувајте ја во фрижидер.
По неколку дена, ќе добиете автентичен кимчи – полн со вкус, мирис и здравје!