Наши ѕвезди

Од овие фотографии со Андреј и Панчо од ДНК и камен би заплакал – неразделни другари и нивниот сон

Еден тинејџерски сон наречен ДНК ...

Advertisement

Од овие зборови и камен би заплакал…

Пејачот Андреј Ѓорѓиески, еден од двајцата фронтмени на групата ДНК, загина во страшниот пожар во дискотеката Пулс во Кочани.

Advertisement

Андреј заедно со својот пријател Панчо пред повеќе од 20 годни ја започнаа нивната музичка приказна и тинејџерски сон наречен ДНК, а на социјалните мрежи се уште стои една стара објава на починатиот Ѓорѓиески, по повод 20 години опстојување на сцената.

Инстаграм

Станува збор за две фотографии што тогаш ги објави Андреј, едната од 2002, а другата од 2022, а на која се тој и Панчо.

Advertisement

„20 години неизбледена љубов кон музиката. Ви благодариме на сите од се срце!“, напиша тогаш Андреј на својот Фејсбук.

Фејсбук/ Андреј Ѓорѓиески

Всушност станува збор за објава која беше споделена на официјалниот профил на ДНК, а по повод 20 години постоење на групата.

Фејсбук/ ДНК

Еве што тогаш напишаа Андреј и Панчо, но и како изгледаа тогашм на фотографиите што ги објавија на Фејсбук.

„Пред точно 20 години започна еден тинејџерски сон наречен ДНК.

Тогаш бевме млади, полни со енергија и ентузијазам, но никогаш не верувавме дека може да издржиме во “брак” цели 20 години. Тогаш ниту приближно не бевме свесни колку е тешка оваа професија, иако нам ни изгледаше дека е едноставно како песна“ ☺️

„Премногу сопки, неправди, хејтери, лажни пријатели и аjкули кои по секоја цена сакаат да те бутнат и на некој начин да те омаловажат. До ден денес како и на самиот почеток, наша љубов е музиката и така ќе остане засекогаш. Да знаевме колку е тешко на почетоците, и да бевме свесни дека секогаш ни требаше да вложиме тродупло труд од останатите да се докажуваме за да заслужиме респект и почит од новинари, колеги, медиуми и што е најбитно публиката, не верувам дека ќе се решевме ова да ни биде примарна работа во нашите животи. До ден денес се докажуваме, но сега веќе пред самите себе и единствено пред публиката која од секогаш сме ја сметале за главен, реален и безгрешен критичар. Од оваа перспектива гледано наназад, можеби и затоа се уште сме тука и се уште сме активни на нашата (каква таква) поп сцена“.

Фејсбук/ ДНК

„Најбитно од се е дека навечер мирно спиеме бидејќи се што сме направиле е направено исклучиво од нас самите без никаква поддршка од родителите (не биле во состојба да ни помигнат финансиски), менаџери или богати пријатели. Целиот досегашен успех го должиме на Вас, публиката која безрезервно не подржувате низ сиве овие години и на нашиот трет член, скромното дете кое доаѓа од Тетово, Лазар Цветкоски на кој сме му толку многу должни што уште два пати да се родиме нема да може да му се оддолжиме“.

Фејсбук/ ДНК

„Ниту во најубавите соништа не сме можеле да сонуваме дека ќе дочекаме 20 години, кои заеднички ќе ги прославиме во арената “Борис Трајковски” на 3ти декември. Тоа Ви го должиме на сите вам кои сте со нас од самите почетоци. Без разлика дали ќе има 100, 500, 1000, 5000 или 10.000 од срце ќе пееме за сите оние кои ќе бидат присутни таа вечер. Ве поздравуваме, и со нетрпение го очекуваме 3ти декември за да ја славиме песната, љубовта и животот.

„Фала ви за се, Ваши, Панчо и Андреј“, пишува во објавата на Андреј и Панчо во пресрет на еден од нивните најголеми и најдобри концерти одржан по повод 20 г. постоење одржан во Скопје на 3. 12 2022 година.

Фејсбук/ ДНК

Потсетуваме, како што објавија медиумите деновиве, здравствената состојба на Владимир Блажев-Панчо се подобрува.

Тој е хоспитализиран во Систина.

Единствените…

Панчо, младиот гитарист и пејач Горан Танев и придружниот вокал Ана Костадиновска се единствените членови на групата ДНК кои се спасија кобната ноќ.

Во кобната ноќ згаснаа животите на 62 лица, од кои претежно на млади луѓе, а голем број се уште се на болничко лекување.

Фејсбук/ Андреј Ѓорѓиески

Покрај Андреј кој можел да се спаси, но се вратил повторно во дискотеката за да им помогне на другите, и за жал, потоа не успеа повторно да излезе, во несреќата починаа уште седум членови и соработници на групата „ДНК“ –тапанарот Ѓорги Горгиев, клавијатуристот Филип Стевановски, гитаристот Александар Коларов, фотографот Александар Ефремов, придружниот вокал Сара Пројковска, тон-мајсторот Игор Велков и битбоксерот Мартин Атанасовски.

Инстаграм/ Тамара Тодевска

Концертот на Тамара во чест на жртвите

Тамара Тодевска, една од нашите најпознати поп-пејачки, на 8. мај во МКЦ ќе одржи голем хуманитарен концерт за семејствата на настраданите во страшната несреќа што се случи на 16 март во Кочани.

Сите средства од продадените влезници ќе одат во хуманитарни цели, а влезници можат да се набават на MK Tickets.

Бонус видео

АКО УТРЕ МЕ НЕМА

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button