Од оваа страшна болест почина Френки од „Слатки грех“ – ова се симптомите на овој необичен рак
Болеста го спречила да се збогува со Саша Поповиќ, а завршил во приватна болница.

Во раните утрински часови на 3 ноември, во 77-та година од животот, почина Љубиша Марковиќ Френки, легендарниот хармоникаш и клавијатрист на оркестарот „Слатки грех“.
Френки, кој беше срцето на бендот што ја придружуваше Лепа Брена на врвот на нејзината кариера, почина по долга и тешка борба со рак на плунковни жлезди.
Advertisement
Денеска, во Нов Сад, најблиските, пријателите и колегите го испратија музичарот на неговото последно патување, на градските гробишта.
Френки не беше само музичар, туку вистински шоумен кој го одбележа времето на „Слатки грех“. Оркестарот, основан во 1977 година како „Лира шоу“, а променет во „Слатки грех“ по доаѓањето на Лепа Брена во 1982, стана симбол на југословенската естрада. Со Френки на хармоника, кларинет и труба и со неговиот моќен глас, бендот сними десетици хитови, учествуваше во четири филма (вклучително „Хајде да се волимо 1 и 2“) и одржа турнеи низ цела Југославија.
Дури и по заминувањето на Брена од бендот, „Слатки грех“ продолжи да свири на свадби и прослави, носејќи ја магијата на тие денови.

„Ние продолживме да работиме и по Брена. Носевме нови луѓе во беднот и работевме со години. Последниве години свириме само на свадби и на забави. Не живееме во раскош, но можеме да си дозволиме нормален живот“, изјави пред неколку месеци за српските медиуми Зоран Зоки Раданов, кларинетист и придружен вокал на бендот, единствен преживеан од оригиналниот состав заедно со гитаристот Живојин Матиќ Жиле.
Но, зад сценската енергија се криеше трагедија. Френки, кој никогаш не пиел алкохол, внимателно се грижел за исхраната и со години играл фудбал со пријателите, сепак, бил жртва на својата страст кон цигарите, газираните пијалаци и бројните кафиња.
„Свиреше сè: кларинет, труба, хармоника, имаше опасен глас. Френки беше шоумен“, потсетува Зоран за српски „Курир“, додавајќи дека тие почнале заедно уште во 1979 година, кога Френки се приклучил на бендот по свирењето во новосадски оркестри.
Болеста била откриена случајно, пред повеќе од една година, и тоа за време на дружење кај Жиле.
„Бевме на скара во јули-август минатата година. Френки дојде, но цело време носеше очила. Кога ги извади очилата на нашо инсистирање, бевме шокирани – капакот на едното око му беше целосно спуштен, а и дел од устата. Мислевме дека имал мозочен удар“, раскажува Зоран.
Дијагнозата била сурова: рак на плунковни жлезди, со метастази што брзо се ширеле.
„Болеста го спречи и да дојде на погребот на Саша Поповиќ. Од неговиот постар син дознавме дека има рак и дека поради терапијата не можел да дојде. Тогаш веќе метастазата се ширела, одеше на терапии, се бореше, но беше доцна“, додава Раданов.

Последните месеци од животот, Френки ги минал во приватна болница во Нов Сад, каде и починал.
Инаку, Френки живеел сам во станот со помалиот син по смртта на сопругата пред две години, но никогаш не се откажал од музиката.
Веста за смртта ја потресе и Лепа Брена, со која Френки создаде незаборавни хитови.
„До последниот момент се надевав… Немам зборови од болка“, напиша Брена на социјалните мрежи, потсетувајќи се на „Годините на Слатки грех“ – документарен филм од 2017 година што го слави периодот од 1982 до 1991, кога бендот продавал албуми во милионски бројки и одржувал по два концерта дневно.
Кои се симптомите на рак на плунковни жлезди?
Главните плунковни жлезди се наоѓаат од двете страни на лицето и под јазикот. Преку или пак во близина на овие жлезди минуваат неколку важни нерви кои можат да бидат зафатени од тумори на плунковните жлезди.
Можни знаци и симптоми на рак на плунковните жлезди се: Грутка или оток во устата, образот, вилицата или вратот, болка во устата, образот, вилицата, увото или вратот која не поминува, разлика во големината и/или формата на левата и десната страна на лицето или вратот, слабост на мускулите од едната страна на лицето, потешкотии при широко отворање на устата, потешкотии при голтање.
Многу од овие знаци и симптоми може да бидат предизвикани и од бенигни (некарциномски) тумори на плунковните жлезди или од други состојби.
Сепак, доколку забележите некој од овие проблеми, важно е веднаш да се консултирате со лекар, за да се утврди причината и, доколку е потребно, да се започне со соодветен третман.



