Но неговите совети очигледно не и помогнале …
Откако се дозна дека Емина Јаховиќ се разведува од нејзиниот сопруг Мустафа Сандал со кого беше во брак 10 години, јавноста не престанува да се интересира за сите пикантерии од нејзиниот живот. Па така неодамна можевме да прочитаме дека причината за разводот бил нејзината наводна афера со Марко Мишковиќ со кого таа беше во долгогодишна врска пред да се омажи со Мустафа, но овие информации досега никој не ги потврди. Српските медиуми отидоа дури и чекор понатаму, па така објавија вест во која познат српски астролог тврди дека е во прашање само време кога нивната врска ќе стане јавна. Според него, бизнисменот и пејачката и судбински се поврзани, а Емина дури и ќе му роди дете (?).
Но без разлика дали предвидувањата на познатиот астролог ќе се оствари или не, општо познато е дека многу ѕвезди од регионот често се консултираат со астролози и видовите луѓе кога се во прашање нивните големи животни одлуки. Веќе е познато дека во деведесеттите години од минатиот век Лепа Брена и Саша Поповиќ ја посетиле познатата јасновитка Баба Ванѓа, а кај нас познат е дури и разговорот во кој Никола Груевски бара совети од една жена која се занимава со астрологија. Па така и Емина, неодамна призна дека пред да го издаде последниот албум се советувала со нејзиниот астролог, од кого барала да и открие кој е најдобриот период за неа за нови бизнис потфати.
https://www.instagram.com/p/BfvFDOLH8fj/?taken-by=yaemina
Но по се изгледа дека астрологот не успеал да и помогне кога е во прашање нејзиниот приватен живот, бидејќи Емина неодамна објави дека се разведува со Мустафа по 10 години брак.