Патувања

Од 12 до 14 септември, трето издание на фестивалот „Вкуси го југот“ во Гевгелија – фузија на традицијата, културата и забавата

Подготовката на најпознатиот македонски бренд - ајварот, правењето на надалеку познатото слатко од гевгелиски смокви, печењето и подготовката на автентичниот македонски алкхолен пијалак - мастика по оригинални домашни рецепти ќе бидат само дел од предвидените активности.

Advertisement

Од 12 до 14 септември Гевгелија ќе биде домаќин на третото издание на фестивалот „Вкуси го југот“ (Taste the south). Традиционална културно-забавна манифестација за промоција на Гевгелија, која не е само обичен тридневен музички хепенинг, туку преставува своевидна фузија на традицијата, културата и забавата и тоа во повеќе сегменти.

Под покровителство на општина Гевгелија и годинава најјужниот град во Македонија три дена ќе пулсира и живее во духот на она што југот го има како традиција во гастрономската понуда, на подготовка на домашни специјалитети подготвени по традиционални рецепти.

Advertisement

Подготовката на најпознатиот македонски бренд – ајварот, правењето на надалеку познатото слатко од гевгелиски смокви, печењето и подготовката на автентичниот македонски алкхолен пијалак – мастика по оригинални домашни рецепти ќе бидат само дел од предвидените активности преку кои бројните постетители од земјата, но и мноштвото гости од странство ќе можат да го почувствуваат и насладуваат на автентичниот „вкус на југот“ на Македонија.

Сето ова ќе биде придружено со бројни штандови на познатите конзервни индустрии кои ќе ги понудат своите производи, а локалните ресторани и кафулињата ќе им го пружат традиционалното гостопримство и услужат посетителите и гостите, кои и годинава се очекува во огромен број да бидат присутни на манифестацијата „Вкуси го југот“ која во три дена, на 12, 13 и 14 септември ќе се одржи на истата локација како и лани – кај новиот пазар во Гевгелија.

Во нејзините содржини е предвидена и богата културно-уметничка и едукативна програма која ќе ја збогатат културно-уметнички друштва и фолк ансамбли и солисти, тука се школата за тапани, школата за гитара, школата за танци, фестивалот “Калинка“ и уште многу други, разновидни содржини за сите вкусови и возрасти.

Advertisement

Секако, вечерните настапи и концерти на мноштвото млади и секако внимателно направен избор од најпознати македонски етно, поп и рок пејачки ѕвезди и бендови се најатрактивниот дел од програмата, во кои ќе кулминира забавата исполнета со содржини за сите генерации.

Се на се, Гевгелија во тие три дена во Гевелија ќе има што да се види, слушне и вкуси… Ќе биде градот во кој спојот на традицијата, културата и забавата ќе доминираат во Македонија. Секој нејзин жител, домашен гостин или странец што има желба и можност да дојде е добредојден. Затоа, дали сам, во друштво или со семејството, повели… „Влези во кругот и вкуси го југот“!

Или за странците подобро да не разберат: „Оpen your eyes, ears and mouth, welcome and… Taste the south“!

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button