NEWSВести

Обвинителката Ристоска: Доживувам притисок и заплашување од ВМРО-ДПМНЕ!

Advertisement

Обвинителката Ленче Ристоска реагира на партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ, за кое што вели дека го доживува како притисок и заплашување.

-Соопштението објавено на 14.10.2025 година на веб-страницата на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ со наслов „Ристоска – тажен симбол за неправда со државни бонуси и службена картица во служба на Заев и Груби“ го доживувам како притисок и заплашување од лице за кои се води кривична постапка врз јавен обвинител, вели обвинителката.

Advertisement

Таа објаснува дека постапува по два предмети во кои е засегната политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.

-Јас како обвинител постапувам по два предмети со кои е засегната политичката партија ВМРО ДПМНЕ – еден каде политичката партија е обвинета за кривично дело перење пари и друг каде има својство на лице врз кое е пренесена имотна корист за која има обвинение дека е прибавена со кривично дело. Моментално и двете постапки се во фаза на судење, а со судска одлука замрзнати се партиското седиште и други 68 недвижности кои се опфатени со постапките.

Оттука, соопштението на политичката партија ВМРО ДПМНЕ, која во моментот е и носител и на извршната и законодавната власт, не е само критика на мојата работа како обвинител, туку со оглед дека се споменува „крај“ и „време на вистинска правда“, ова соопштение, испраќа намерна порака за заплашување и влијание врз мојата работа како јавен обвинител. Впрочем ова соопштение е само уште еден од низата напади на кои сум изложена изминатиот период.

Advertisement

Дополнително, ова соопштение содржи невистинити и навредливи тврдења, меѓу кои дека:

1. Моето професионално делување било инструирано од политички чинители и криминални структури

2. Самата сум си исплатувала бонуси и награди и сум користела службени картички

3. Јас го симболизирам моралниот пад на обвинителството и отсуството на срам е моја одлика.

Со оглед на горенаведеното, барам политичката партија јавно да се извини во рок од седум дена од ова соопштение или да ги докаже своите тврдења. Во спротивно, ќе поведам постапка за граѓанска одговорност за клевета и навреда против правното лице кое го објавило текстот.

Сакам да укажам дека како обвинител јас имам не само право туку и обврска јавно да зборувам за прашања со кои се задира во независноста на обвинителството, се загрозува владеењето на правото и принципот на поделба на власта и се атакува на мојот професионален интегритет. Мојата работа како јавен обвинител е борба со криминалот и таа секогаш се базира на заштита на јавниот интерес, без оглед кој сѐ се јавува како сторител на кривични дела, вели обвинителката Ристоска.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

New Ad
Back to top button