Додека гледаме филм, омилена серија или читаме книга многу често сакаме да посегнеме и по некоја вкусна храна.
Понекогаш се случува тоа да бидат некои грисини или нешто благо, но тоа со себе носи и многу масти, шеќер, калории.. а тоа секако не е здраво! Но, не треба да заборавите дека постојат намирници и јадења кои се идеални за „снек“ со кој нема да се дебелеете, ниту пак ќе ви наштетат на здравјето.
Комбинирајте протеини и овошје
Пробајте на пример комбинација од круша исечена на коцки и на исиот начин подготвено сирење или комбинација од јаболко и путер од кикирики. Можеби ова по малку се невообичаени комбинации за вас, но зошто да не ги пробате овие нови вкусови?
Фстците се одличен избор за ужинка
30 парчиња имаат околу 100 калории, а дополнителна забава е и нивното лупење. Со нив секако добар избор се и бадеми и ореви бидејќи се преполни со незаситени масти. Сепак, внимавајте да не претерате, бидејќи една рака ореви содржи околу 180 калории.
Смути како пијалак не е резервиран само за појадок
Кога станува збор за смути треба само да внимавате со комбинирање на намерниците бидејќи можете лесно да се преминете во висококалоричен оброк полн со шеќери. Бирајте немрсен јогурт или млеко во комбинација со зрнесто овошје и овесни снегулки.
Премини на следната страна >>