Чудно, но корисно: Обликувајте ги вашите веѓи само со помош на сапун
Кога станува збор за шминкањето и вашата убавина, неизоставен дел се и веѓите кои се сметаат за круна на вашите очи.
Кога станува збор за шминкањето, неизоставен дел се и веѓите кои се сметаат за круна на вашите очи. За да постигнете густи и совршено обликувани веѓи, потребни ви се четки, гелови, сенки, маскара за веѓи и уште многу производи. Се прашувате дали постои полесен начин? Секако дека да и тој датира уште од златната доба во Холивуд, кога за обликување на веѓите се користел најобичен сапун. Единствено е важно сапунот да биде проѕирен, затоа што белиот може да ви остави траги. Па, земете обичен проѕирен сапун, намачкајте ја со него четката за маскара, нанесете го и обликувајте ги веѓите во посакуваната насока. Потоа по желба ставете им малку боја и ќе бидете подготвени, без притоа да користите какви било гелови, маскари и фиксатори, а веѓите сепак ќе стојат на своето место.
{youtube}WDKQbW8y8tY{/youtube}