Реклама
Модни совети

Како да изберете облека доколку сакате да изгледате послабо

Реклама

Ако имате преистакнати облини, не очајувајте, ви подготвивме неколку интересни совети за тоа како треба да одберете облека во која ќе изгледате послабо.

Маркетинг

Доколку сте полнички, повеќе внимание треба да му посветите на стилот, отколку на модата. Ретко на која девојка ѝ прилега баш секој моден тренд, а најважно од сé е да се чувствувате добро во својата кожа, т.е. она што го носите да ги нагласува вашите предности, а да ги сокрива недостатоците. Затоа подобро е да носите облека која што создава илузија на виткост, а со тоа да допринесете и за подобро расположение.

Не купувајте облека во помал број бидејќи тој број едноставно не е вашиот и тешко дека ќе можете да влезете во него а притоа да изгледате нормално. Тесната гардероба само придонесува да изгледате подебело.

Маркетинг

Исто така избегнувајте и преширока облека, бидејќи таа иако ја покрива фигурата, не ги сокрива килограмите.

Најмногу внимание посветете на делот од телото каде што сте најдебели. Кај некои тоа е стомакот, кај други проблем се широките колкови, кај трети нагласениот горен дел од телото. Во тоа ќе ви помогнат различни парчиња облека, различни принтови, мотиви, материјали…

Избегнувајте панталони и фармерки кои се пошироки во горниот дел а се стеснуваат надолу. Подобра варијанта за вас се фармерки кои се шират кон долниот дел или оние со рамни ногавици.

Високите потпетици се секогаш пожелни – било која висина на потпетици визуелно ќе ја издолжи вашата фигура.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button