FashionМодни совети

Парчиња облека кои ниските девојки треба да ги имаат во плакарот ако сакаат да изгледаат повисоки

Advertisement

Ако го читате ова, сигурно и вие сте една од девојките кои спаѓаат во -160 сантиметри и сакате да добиете некои сантиметар плус. Секако дека не можеме сите да бидеме високи, но одлична вест е што со правилен избор на облека и модни додатоци, визуелно можете да ја продолжите својата фигура.

Панталони со широки ногавици

Овој модел е идеален за ниски девојки од едноставна причина – совршено ги кријат потпетиците кои се неизоставен дел од нивниот аутфит. За максимален ефект, посегнете по модели со висок струк кои дополнително ќе ги издолжат вашите нозе и ќе изгледате повисоки.

Advertisement

Обувки со платформа

Кога се во прашање обувките, јасно е дека на ниските девојки им треба мало „надополнување“ во смисла на потпетици или платформа. Тоа е наједоставниот и најефикасниот начин за додавање неколку сантиметри во висина.

Фармерки со висок струк

Фармерките се безвременски модел без кои не можете да си ја замислите својата облека, а високиот струк е најдобар начин за постигнување долги нозе за кои многу девојки само сонуваат. Па, кога ќе ги споите овие две ќе добиете прекрасно модно парче облека кое секоја ниска девојка би требало да го има во својот плакар.

Краток капут

Предолгите капути може да бидат многу пријатни за носење, но факт е дека не одат во корист на вашата висина. Затоа, при изборот на капути избирајте кратки модели и такви кои паѓаат од вашите рамења, затоа што дополнително ќе ви ги скратат рацете и ќе изгледате пониски отколку што сте.

Advertisement

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button