Облече сако, а под него – ништо! Нашата позната мама ги изненади гледачите со ова шик издание (фото)
Еве зошто сите зборуваат за ова...

Пејачката ги почести фановите со провокативно издание
Пејачката Антониа Гиговска веќе со години е позната и по својот имиџ, но успеа повторно да ги изненади сите со своето издание.
Покрај нејзината кратка руса коса која и стои феноменално во едно вакво издание, Гиговска овој пат се надмина себеси и со останатите парчиња што ги носеше, предизвикувајќи воодушевување кај многумина, но и негативни коментари кај хејтерите.
Имено, пејачката на гостување во една емисија избра сиви панталони и сако во истата боја, а еден детаљ посебно привлече внимание.
Инстаграм/ Антониа Гиговска
Таа направи и неколку фотки за Инстаграм, од кои јасно можеше да се види дека пејачката овој пат под сакото не носи ништо.
Но покрај тоа што изгледаше брутално во горниот дел, со впечатливата фризура и тоа што го „заборави“ градникот дома, ништо поразлично не беше и во долниот. Пејачката едноставно целото издание го зачини со необични бели сандали со огромни, „убиствени“ високи потпетици за кои исто така ви треба смелост, но во кои и овој пат изгледаше како најголемите светски поп-ѕвезди.
Инстаграм/ Антониа Гиговска
Пејачката со ова издание дефинитивно успеа да привлече внимание, што може да се забележи и со коментарите што ги доби.
Инстаграм/ Антониа Гиговска
Но секако имаше и такви на кои не им се допадна ова издание, што е и разбирливо бидејќи Гиговска никогаш не се ни трудела да им се допадне на сите. Таа едноставно ги следи трендовите, па ниту едно од нејзините изданија не е ништо поразлично од оние што ги гледаме и кога се во прашање најголемите светски ѕвезди.
Инстаграм/ Антониа Гиговска
Конкретно и ова со сакото и не носење ништо под него е тренд во светот на модата, а го носат и балканските познати дами.
Инстаграм/ Антониа Гиговска
Мрчење како хоби
Една од нив е и пејачката Сара Јовановиќ, попозната како Сара Јо, а вакви слични провокативни изданија можат да се најдат и на профилите на многу други популарни пејачки од регионот.
Инстаграм/ Сара Јо
И доколку ги разгледате повеќето од нив, она што може да го заклучите е дека ова издание на Гиговска навистина е кул!
Инстаграм/ Антониа Гиговска
Како и ова, нели?