„И виснатите гради се убави!“ Постојано објавува секси фотографии на Инстаграм поради кои жените од цел свет и се поклонуваат
Блогерка од Лондон на Инстаграм го започна трендот #SaggyBoobsMatter со кој сака да ја покаже опседнатоста на општеството со совршените женски гради.
Кидера Егеру која на Инстаграм има преку 51 илјада следбеници редовно позира без градник како би покажала како изгледаат природните женски гради, а откри и дека во младоста често се чувствувала лошо и засрамено од своите гради поради што и самата размислувала за операција.
https://www.instagram.com/p/BeOyWmoDfPH/?utm_source=ig_embed
„Кога купував градник на пакувањето секогаш мораше да има манекенка која има совршени гради, но кога ќе го пробав истиот модел, со моја големина, на моите виснати гради, едноставно изгледаше многу поразлично. Тоа толку ме мачеше што бев решена да одам на операција на градите штом ќе наполнам 18 – раскажа Кидера за „Buzzfeed“. Таа вели дека денес постојано и стигаат писма и пораки од девојки од целиот свет на кои и помогнала да се прифатат себеси и да се чувствуваат добро во своето тело, а токму затоа и го прави тоа.
https://www.instagram.com/p/BaIF4tWh164/?utm_source=ig_embed
„Сакам да им порачам на сите жени кои изгледаат како мене – вашите виснати гради се вредни! А од овој момент па се до вашата смрт, она што најмногу ќе вреди ќе биде вашиот карактер.“
https://www.instagram.com/p/BeqaRf-jPZz/?taken-by=theslumflower
„Понекогаш луѓето се плашат од работите што не ги познаваат, но мораме да живееме, и тоа да живееме гласно.“
https://www.instagram.com/p/BeGNqPrj6X3/?
Браво!