Објавата што ја сподели пејачот Јордан Митев ЌЕ ВИ ГО РАЗУБАВИ денот – малиот е негова копија
Оваа негова објава веднаш привлече внимание, а многумина беа воодушевени од главниот јунак во видеото

Најголемиот фан на познатиот пејач!
Нашиот познат фолк-пејач Јордан Митев е мошне активен на своите профили на социјалните мрежи.
Тој најчесто ги споделува своите песни и со нив ги радува бројните фанови, но понекогаш знае да ги почести и со фотографија од неговиот семеен живот, па да ја покаже и ова негова страна.
Принтскрин/ Јутуб
Но пејачот неодамна сподели една објава која пријатно изненади многумина, а во која во главна улога е неговиот најголем фан.
„Поздрав за Илај, еден од моите најголеми фанови. Биди ми жив и здрав“, напиша Јордан во описот на преслаткото видео со кое ги воодушеви своите бројни обожаватели на социјалните мрежи.
Инаку, Јордан во една пригода ја сними и својата ќеркичка Кристина во слично издание, и со ова видео исто така сите ги воодушеви.
И таа тогаш стоеше пред телевизорот и љубопитно гледаше во него бидејќи од таму се слушаше за неа многу познат глас.
Фејсбук/ Јордан Митев
Како сето тоа изгледаше, потсетете се тука…
Патот до успехот
Потсетуваме, Јордан важи за еден од нашите најпознати фолк-пејачи, а неговите песни се големи хитови веќе со години.
Тој се во животот има направено сам, со свои сопствени песни, сопствена творечка мисла, па дури и во сопствено продукциско студио, а во една пригода ќе ја открие и тајната на неговиот успех, односно што е она што го придвижува да оди напред.
Фејсбук/ Јордан Митев
„Во принцип јас сум човек кој што секогаш бара повеќе од себе, секогаш мислам дека можам подобро и повеќе, но земајќи ги во предвид сите предуслови за успех и напредок во средината во која опстојувам често пати доаѓам до заклучок дека можеби и не можеше подобро и повеќе да се направи од тоа што е направено до сега“, изјави во една пригода Јордан во интервју за Гламур Магазин.
„Зошто го мислам тоа, бидејќи ние сме мала земја поделена по повеќе основи, луѓето се поделени на вакви такви и онакви, многу тешко се признава на добриот дека е добар, многу лесно знаат на добриот да му одземат неправедно поени се со цел да му ја намалат вредноста итн. Така да сето тоа кога ќе го ставам на еден кантар и кога ќе додадам дека јас се што направив направив сам со сопствени песни, сопствена творечка мисла и сопствена продукција на истите, јас сум задоволен, а тој еден грам незадоволство секогаш сам си го додавам за да имам причина да одам напред“, истакна тогаш Јордан.
Целото интервју со него прочитајте го тука…