Вести

Обезбедување на одржливост на резултатите постигнати од проектот „Зголемување на атрактивноста, инклузивноста и релевантноста на стручното образование и обука и образованието на возрасни“

Завршна конференција

Реклама
Реклама

Денеска во хотел Лимак се одржа завршна конференција за проектот „Зголемување на атрактивноста, инклузивноста и релевантноста на стручното образование и обука и образованието за возрасни“, финансиран од ЕУ.

Говорници на настанот беа г-ѓа Весна Јаневска, Министерка за образование и наука, претставник на Делегацијата на Европската унија во Северна Македонија, г. Лудмил Ковачев, тим лидер на проектот како и претставници на различни национални образовни институции и регионални центри за стручно образование.

На Конференцијата се презентираа главните резултати и достигнувањата на проектот, се зборуваше за потенцијалот за одржливост на резултатите од проектот како поддршка на агендата за реформи на секторот во Северна Македонија, како и за улогата на резултатите од проектот се со цел подобрување на системот за постсредно образование во Република Северна Македонија.

Маркетинг

Дополнително, се претставија и резултатите од проектот како поддршка на понатамошното воспоставување на системот за валидација на неформално и информално учење (VNFIL), но и оние за усогласувањето на постојниот систем за обезбедување квалитет во стручното образование и обука (СОО) со eвропската рамка за обезбедување на квалитетот во стручното образование и обука EQAVET.

Маркетинг

За перспективите за понатамошен развој на новите регионални центри за стручно образование и обука во Струмица и Велес, избрани од проектот, говореа и директорите на овие центри.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button