Реклама
Наши ѕвезди

Oна што Мирко Попов го објави само неколку дена пред неговата смрт ќе ги расплаче фановите (видео)

По кратко боледување почина познатиот скопски диџеј

Реклама

„Никаде не одам јас…“

Мирко Попов, еден од најпознатите македонски диџеи и легенда на македонската техно сцена, почина денес по кусо боледување.

Попов е роден 1972 година во Скопје, а како дете живее во Градски ѕид каде што и се раѓа неговата голема љубов кон музиката.

Маркетинг

Мирко Попов својот прв професионален ангажман како диџеј го добива во 1992 година, а истата година ја започнува и својата кариера во култното скопско радио „Канал 103“ каде ќе биде главен и одговорен уредник од 2008 до 2010 година.

Маркетинг
Фејсбук/ Мирко Попов

Некаде во 1995 година го оформува ПМГ Колектив кој во следните неколку години ќе прерасне во воечка авангардна сила на скопските улици, а во 1998 ја формира и МПГ Рекордингс, дискографска куќа која има намера да ја регистрира.

Попов беше активен и на социјалните мрежи, а веста за неговата смрт шокираше многумина, посебно што тој споделуваше објави до пред некој ден, кога заради мозочен удар заврши во болница.

Фејсбук/ Мирко Попов

Една од овие објави е и неговата последна колумна напишана за „Трн“, која исто така ја сподели на својот профил на Фејсбук, а во која во еден момент ги вели следниве неколку стихови:

“Ветар сум на небо северно
Немам земја, имам глас
Бело Море, небо северно
Никаде не одам јас“

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button