OГРОМНА ТАГА – Почина познатиот актер, глумеше во хит серијата „Беверли Хилс 90210“

Почина познатиот актер од култната серија
Тажната вест ја потврдила неговата сестра Кејти Колменарес, но причината за смртта не e сеуште објавена
Американскиот актер Дејвид Гејл, најпознат по улогата во серијата „Беверли Хилс 90210“, почина на 58-годишна возраст.

Тажната вест ја потврдила неговата сестра Кејти Колменарес, но причината за смртта не била објавена.
– Речиси и да има ден во мојот живот кога не си до мене. Секогаш мојот лидер, мојот најдобар пријател, подготвен да се соочи со се и секого. Секогаш ќе те држам толку цврсто во срцето секој ден – напиша Кејти на Инстаграм.

Да потсетиме дека во серијата „Беверли Хилс 90210“, која ги одбележа 90-тите години на минатиот век, тој го толкуваше ликот на Стјуарт Карсон, кој накратко беше свршен со Бренда Волш, ликот кој го толкуваше Шенон Доерти.
Гејл беше познат и по улогата на д-р Џо Сканлон за време на две сезони на Порт Чарлс.




