Вести

OГРОМНА ТАГА – Почина познатата манекенка Марија

Advertisement

Оваа вест растажи многу фанови на ѕвездата на Инстаграм Марија Софија Витор

Бразилската ѕвезда на Инстаграм Марија Софија Витор почина на 19 години по трансплантација на црн дроб, објави нејзиниот татко. Оваа тинејџерка на 7-ми декември мораше да оди на итна операција, кратко пред тоа нејзиното семејство објави дека бара донатор.

Advertisement

„Мојата најстара ќерка Софија има сериозен здравствен проблем, поради што од утрово е на листа на чекање за трансплантација на црн дроб. Би ве замолил да се помолите за мојата ќерка и за сите оние кои ја сакаат“, изјави Витор Валим.

Оваа вест растажи многу фанови на ѕвездата на Инстаграм Марија Софија Витор.

„Со најголема болка и тага ги известувам сите дека мојата сакана ќерка Софија почина. За жал, нејзиното тело не издржа“, изјави очајниот татко кој претходно јавно проговори за нејзината борба:

„По законската процедура и откако влезе во редот за трансплантација на црн дроб, Софија успеа да најде донатор поради итноста на нејзиниот случај.

Утрово е пронајден компатибилен донатор и операцијата е успешно извршена. Но, таа сепак ќе биде под опсервација во следните 48 часа за да се види дали нејзиното тело ќе го прифати новиот орган.

Би сакал да му се заблагодарам на семејството донатори за нивното сочувство и помагањето на мојата ќерка да добие нов живот.

Господ да ги благослови. Ве молиме продолжете со вашите молитви и позитивна енергија во оваа нова фаза од борбата на Софија“.

Витор Вадим е градоначалник на бразилската општина Каукаја, неговата ќерка Софија Марија присуствуваше на концертот на Тејлор Свифт во Сао Паоло пред неполн месец. Тој не откри какви компликации следеле по операцијата, која резултирала со фатален исход.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button