Вести

Oгромна тага во домот на Ламбе Алабаковски – Пејачот се прости од драга личност!

Advertisement

Пејачот Ламбе Алабаковски сподели дека загуби близок човек

Имено тој на својот профил на Инстаграм сподели дека починал неговиот дедо Борис Ф.

Advertisement

– Царство Небесно дедо Борис Ф. – напиша пејачот на фотографијата на која се гледа икебана за спомен.

Македонскиот пејач со магичен глас Ламбе Алабаковски наместо да ја израдува својата публика со нова песна или дружба, тој времето го троши на судење во битолскиот суд.

Алабаковски на суд беше повикан како сведок на Обвинителството во судскиот процес против Љупчо Георгиевски, поранешен претседател на згаснатиот бугарски клуб.

Тој е обвинет дека предизвикувал омраза и дискриминација кон македонскиот народ и придобивките од Народно ослободителната борба.

Фото: Фејсбук

На сведочењето Алабаковски рече дека откако се случило опожарувањето на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ постојано добивал закани преку пораки на социјалните мрежи.

Алабаковски во судницата влезе облечен со маица со македонското знаме, а обвинетиот Ѓоргиевски претходно, како што јавуваат македонските дописници од Битола носел маица со ликот на Михајлов.

Фото: Фејсбук

„Имаше закани и навреди и ден денес има. Најчесто се, по мое мислење, од бугарски граѓани и луѓе кои живеат тука, а се чувствуваат како Бугари или од измислени ботови на Фејсбук и Инстаграм, кои најчесто ги добивам во директна порака со смртна закана кон мене и кон моето семејство“, рече Алабаковски, пренесува СДК.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button