Oгромна радост во домот на Адријана Алачки – честитки пристигнуваат од сите страни
Честитки пристигнуваат од сите страни.
Алачки славеше роденден, а нејзините пријатели и следбениции ѝ упатија мноштво честитки на социјалните мрежи.
Адријана Алачки својата карера ја започна уште во својата рана младост како дел од триото кое го сочинуваа таа, нејзиниот поранешен сопруг Горан Алачки и нејзината колешка Ирена Спасовска.
ФОТО: Фејсбук / Адријана Алачки
По распаѓањето на нивната група, Адријaна започна своја соло кариера и долги години успешно работеше.
Пресврт се случи во моментов кога започна да работи на својата емисија „Вкусот на традицијата“, во која таа готвеше македонски традиционални јадења.
ФОТО: Фејсбук / Адријана Алачки
Од тогаш па се до денес трае нејзината водителкса кариера.
Во моментов работи на емисијата „Везилка“, но музиката и понатаму е во нејзиното срце и се случува да има и музичи настапи.
ФОТО: Фејсбук / Адријана Алачки
Од бракот со Горан Алачки ги доби своите две деца, синот Благоја и ќерката Грациела.
Адријана е на прагот на седмата деценија од животот, но и понатаму изгледа одлично.
ФОТО: Фејсбук / Адријана Алачки
Таа го преферира елегантниот стил на облекување и секогаш се труди да изгледа префинето и дамски.
На 5 мај таа го прослави својот 57 родеден.
На нејзиниот Фејсбук профил доби стотици честитки со убави желби од своите блиски, но и од фановите.