Oвие граѓани добиваат плус 6.000 денари на своите сметки!

Работевме, и докажавме на дело преку конкретни мерки дека се грижиме за секој земјоделец. Тутунарите никогаш не биле оставени сами ниту некогаш ќе бидат оставени.
На вчерашната седница, бордот на директори на Тутунскиот комбинат Прилеп донесе одлука да ги зголеми за 10% цените за откуп на тутунот од веќе договорените цени.
Дополнително како министерство планираме зголемување на субвенциите за дополнителни 20 до 30 денари, по класи за предаден тутун, со кои првата класа ќе достигне поддршка од 100 или 110 денари,ставајќи го на располагање повторно истиот буџет од 26 милиони евра.

Во 2024 година за тутунарите, покрај субвенционирањето по класи, даваме нова можност за поддршка креирајќи нова мерка за основна субвенција по пријавена површина во висина од 6.000 денари по хрктар. Сите тутунопроизводители ќе можат во исто време заедно со другите земјоделци да аплицираат и да пријават површини по хектар и на овој начин да го стекнат правото за оваа нова мерка, основна субвенција од 6.000 денари по пријавен хектар.
За прв пат тутунарите го остваруваат и правото за аплицирање за зелена нафта, мерка која исто така од 2024 година ја зголемуваме со 100% поддршка за сите земјоделци.
Она што исто треба тутунарите да го знаат е дека како министерство за оваа реколта 2023 година, каде што имаме законска обврска да дадеме мислење за согласност на Сојузот на земјоделски здруженија, каде што се задржува одреден процент од откупот на тутунот, од секој тутунопроизводител за поставување на повереници, оваа задржување го намаливме од 0,35% на 0,25% со што значи дека на секој тутунопроизводителите ќе се задржува помалку пари.
Евидентните бели картони, сложената процедура и линеарната исплата од 60 денари по килограм за тутунот, денес се минато.
Тутунарите ова го знаат и паметат. Знаат дека како министерство сме биле тука, секогаш кога е најпотребно, да го помогнеме секој еден земјоделец. Така е и сега. Заедно и оваа година ќе имаме уште еден успешен откуп на тутунот, почитувајќи и вреднувајќи ја маката на тутунопроизводителите, напиша на својот фејсбук министерот за земјоделие, Љупчо Николовски.
СДСМ води грижа за тутунарите, за секој еден земјоделец. Со СДСМ земјоделците добиваат повеќе, има повеќе за сите.
Во ек на откупот на тутун, СДСМ интервенира во интерес на тутунарите и производството.
Минатата година целиот тутун беше откупен од откупувачите во прва класа, а државата исплати кон тутунарите рекордни 26 милиони евра субвенции.
Цените со кои започна годинешниот откуп ги сметавме за мали и затоа преку Министерството за земјоделство преземаме нови мерки за поголема, фер цена.

Ги зголемуваме субвенциите за дополнителни 20 до 30 денари, по класи за предаден тутун.
Ставајќи го на располагање повторно истиот буџет од 26 милиони евра, постигнувајќи оваа година рекордни субвенции за тутун по класи.
Очекуваме за прва класа субвенцијата за откупен килограм тутун да изнесува меѓу 100 и 110 денари зависно од пресметките. И тоа е повеќе за сите.
Тутунот е наша значајна култура, но и култура која е тешка за производство.
СДСМ го почитува и реално го вреднува трудот на тутунарите.
Во 2024 година за тутунарите, покрај субвенционирањето по класи, даваме нова можност за поддршка креирајќи нова мерка за основна субвенција по пријавена површина.
Мерката е во висина од 6.000 денари по хектар.

Со пријавувањето за оваа основа субвенција по хектар, овозможуваме на тутунарите за прв пат да го остварат и правото за аплицирање за зелена нафта.
Оваа мерка од 2024 година ја зголемуваме со 100% поддршка за сите земјоделци. И тоа е повеќе за сите.
Заедно со земјоделците, со тутунарите, слушајќи го нивниот глас, најдовме соодветни решенија за сите тутунари и силно ги поддржуваме.
Евидентните бели картони, сложената процедура и линеарната исплата од 60 денари по килограм за тутунот во време на ДПМНЕ, денес се само лошо минато.
СДСМ ќе продолжи со мерките и политиките во интерес на тутунарите.




