Рецепти

Nutella cake pops – совршен десерт за новогодишната трпеза

Реклама
Реклама

Покрај тоа што се многу вкусни, тие се и прекрасна декорација на празничната трпеза

„Cace pops“ или домашните чоколадни лижавчиња се еден од нашите омилени десерти. Подготовката е едноставна, а нивниот краен изглед зависи само од вашата имагинација. Бидејќи сме во божиќно расположение, покрај стандардното украсување со чоколадни трошки, можете да си поиграте и со декоративни трошки во бои со цел да создадете снежни топки, снегулки, црциња, дедо мразовци …

Маркетинг

Состојки:

250 грама брашно
150 грама шеќер
3 јајца
1,5 dl млеко
1 dcl масло
2 ванилин шеќери
1 прашок за печење
7-8 лажици Нутел
6-7 лажици млеко
чоколада за готвење
путер
млеко
трошки
дрвени стапчиња

Подготовка:

Во сад измешајте јајца, шеќер и ванилин шеќер, додадете млеко, масло и на крај брашно и прашок за печиво. Ставете ја смесата во рерна. Кога ќе се испече, изладете го бисквитот и одрежете ја кората така што ќе добиете чист бисквит без тврдите делови. Изронете го бисквитот со раката и додадете Нутела која претходно ја стопивте во млеко и соединете ја смесата. Потоа направете обликувани топки и оставете ги во фрижидер да се стврднат.

Маркетинг

Чоколадото за готвење растопете го со путер и малку млеко.

За оваа количина ќе ви биде доволно 20 dkg чоколадо кое ќе го растопите со 5 dkg путер и 2,3 лажички млеко.

Потопете го врвот на дрвеното стапче во чоколадата па потоа на него забодете го топчето, а кога сите ќе ги наместите, наквасете ги топчињата во стопеното чоколадо и креирајте изглед со трошките за украсување.

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button