Може ли бројот на адресата навистина да влијае врз вашиот живот? Психолозите за недвижности се сведоци на милиони купувачи ширум светот кои го бираат својот дом според следнава нумерологија. Проверете зошто
Бројот на куќата треба да се сведе на едноцифрена (ако, на пример, адресата е Партизанска, број 15, соберете ги цифрите 1 и 5 = 6). Не се собира бројот на зградата и бројот на влез, ако го има, како на пример Партизанска 15, зграда 23, влез 1 стан 19. Во овој случај, се собираат само цифрите за станот, односно 1 и 9 = 10, а тој број се сведува на 1+ 0 = 1.
Број 1: Овој број носи самостојност и оригиналност. Оние кои живеат на оваа адреса често имаат голем број идеи, започнуваат нови проекти, се решаваат на предизвици – и, главно, со голем успех. Меѓутоа, колку и да е добар овој број од финансиски аспект, тој носи помалку среќа во приватниот живот, бидејќи поттикнува на осамување и критичност кон другите. Исто така, единицата носи и неодлучност околу важни животни одлуки. Пожелно е куќата да се организира во нијанси на златна, портокалова, маслинестозелена боја за да се засили позитивното, а да се намали негативното влијание. Луѓето би требало да внимаваат на видот и циркулацијата.
Број 2: Овој број симболизира промени, па затоа луѓето често се селат од оваа адреса и доаѓаат нови станари. На домашните ретко им е здодевно и лесно се создава атмосфера на живописен семеен дом. Обично е многу едноставно место со доза на неуредност, но поттикнува на плодност и вљубување. Луѓето кои живеат таму често работат од дома или ја носат работата дома, а имаат интерес за технологија, патување, алтернативна медицина и астрологија. Поради брзоплетоста, често донесуваат лоши деловни одлуки и мора секој пат да тргнат од нула, а во врските може да бидат премногу зависни од другите. За да се зголеми позитивното, а да се намали негативното влијание на двојката, потребно е домот да се осветли колку што може повеќе – да се внесе повеќе светлина и да се раскренат непотребните нешта.
Број 3: Тројката е симбол на проширување, реновирање и подобрувања. Станарите се често перфекционисти, обично се љубезни, лојални, со оптимистички поглед на животот, но и воздржани. Имаат истенчено чувство за хумор и цврсти ставови за слободата, религијата и семејството. Знаат да се однесуваат екстравагантно и да трошат пари што ги немаат, а тоа им носи финансиски проблеми. Често имаат големо семејство, сакаат да уживаат во пороци и веќе на средната возраст имаат здравствени проблеми. Во нивниот дом добредојдени се сини тонови и дрво за подобрување позитивното и намалување на негативното влијание. Во животот, треба да се трудат да бидат што повеќе рационални и практични, а што се однесува до здравјето, треба да одржуваат нормална телесна тежина, да ја проверуваат состојбата на срцето, но и на хормоните.
Број 4: Овој куќен број претставува комплицирано место за живеење бидејќи е симбол на конфликт меѓу две спротивставени сили, од кои едната се бори за стабилност, а другата за промена. Во овој дом секогаш нешто се реновира, менува или купува, како домот да живее свој сопствен живот паралелен со оној на домашните. Во исто време, овој број носи еден вид чувствителност, емпатија и духовност и затоа домашните зрачат со голема харизма. Судирите на темпераменти во него се многу чести. Овој куќен број дефинитивно не е за оние кревки и срамежливи, туку за луѓе кои се навикнати да работат под стрес и кои под нежната надворешност имаат голема внатрешна сила. Важно е да ги одредат приоритетите во својот живот и да не ги занемарат луѓето кои навистина нешто им значат.
Број 5: Овој број симболизира хармонијата, добри мисли и емоции. Во овој дом е изразена дружељубивост, во неа доаѓаат многу гости, се разменуваат информации и озборувања и има многу смеа. Солидарност и стабилност се главните поволно влијанија на бројот пет, а членовите на семејството обично се успешни во приватниот, а во средното доба и во деловниот живот. Својата среќа ја градат бавно и со цел, ама сите пречки може да ги надминат ако се фокусираат на напорна работа. Лош аспект на овој број е невнимание, на пример заборавање клучеви, неисклучен шпорет, пегла и слично, што резултира со чести привремени непријатности. Добар додаток што ќе го зајакне позитивното, а ќе го намали негативното влијание на петката се предмети изработени од метал.
Можеби нумерологијата е причина што не постои куќа со број 0 !?
Број 6: Шестката симболизира решителност, цврст став и крајност. Ваквиот дом е или хармонично место на исклучителна тишина, или на хаотичност со многу викање и постојани промени. Ова може да биде и дом на интензивен раздор и одбивност меѓу членовите на семејството или, пак, интензивна страствена љубов и искрена поврзаност. Малку магичен, бројот шест дејствува така што од луѓето извлекува крајни емоции, а добро дејствува врз учење нови работи и посветеност кон хоби, како готвење, фотографирање, бавење со компјутери… Во оваа куќа, луѓето се исклучително креативни. За да го зголемат позитивното, а да го намалат негативното влијание на овој број, добри се жолтата и светло-зелената нијанса, како и создавање голем удобен простор за дневен боравок за собирање на домашните.
Број 7: Овој број симболизира соништа, фантазии и бунт. Така, седмицата им носи духовност на членовите на семејството, како и чувствителност и ранливост. Понекогаш, домашните ќе имаат проблеми со одделување на реалноста од фантазијата, па ќе се истакнуваат по своите ставови кои не се вклопуваат во мислењето на мнозинството. Според некои толкувања, токму во домовите под овој број најчесто се појавуваат паранормални прикази и други необјасниви работи. Луѓето кои живеат во него често се бават со уметничка професија, имаат домашни миленици и се големи перфекционисти.
Број 8: Оваа бројка е симбол на почит, стабилност и сила. На домашните им носи добар углед, авторитет, па дури и слава, но и голема одговорност што често ја имаат кон другите. Се трудат на сите да им угодат, но со мерка која не ја загрозува нивната благосостојба и тоа е нешто што ќе го научат дури во средната животна доба. Поради тоа, младите знаат да бидат незрели, но тоа е од краток век. Бројот 8 носи почитување кон традиционалните вредности – семејството, пријателиството, работатата, љубовта…
Број 9: Овој девет е симбол на големи поделби, што се одразува и на физичкиот изглед на куќата (со многу соби, секоја различна уредена) и со многу различни темпераменти кои живеат под ист покрив. На луѓето кои живеат во ваков дом обично не им недостасува иницијатива во животот; тие знаат што сакаат и директно се трудат тоа и да го остварат. Може на тој пат да прибегнат кон различни итрини и измами, бидејќи имаат многу специфично разбирање за човечкиот морал. Сепак, тоа не значи дека се лоши, туку многу снаодливи. Во бизнисот обично се многу успешни, а во домашната атмосфера често напнати.