Реклама
Хороскоп

Кој е вашиот среќен број за 2016 според нумерологијата

Реклама

 

numerology 3

Годишен број 1

Маркетинг

Нешто ново започнува, ви се дава голема шанса. Ова е исклучително силна и плодна година. Бидете храбри, снаодливи, не отстапувајте од вашите цели и планови, туку дејствувајте и преземете ризик – ќе бидете многу добро наградени. Бидете верни на себе си, почитувајте ги другите и не отстапувајте од вашиот пат од било каква причина. Не дозволувајте да бидете мрзеливи во текот на годината. Напротив, ова е момент да се засади она што ќе го жнеете во наредните 9 години. Сега е време за некој вид сериозна промена, нешто колосално и нешто што ќе го растресе вашиот свет од корен. Секогаш слушајте го вашиот внатрешен глас и никогаш не верувајте им на другите премногу.

РАБОТА, КАРИЕРА: Поволнo време за какви било промени, унапредувања, колективна активност, стабилност и просперитет. Може да почнете нова работа или бизнис, да спроведете нов проект или нова идеја. Ќе барате поголема автономија и независност во работата.

Маркетинг

ФИНАНСИИ, ПАРИ: Може да ги добиете само преку работа и зделки. Долгорочни инвестиции се можни.

ЗДРАВЈЕ: Силна и стабилна енергија. Внимавајте, сепак, на артериите, крвниот притисок, срцето, очите, носот, ушите, јазикот и грлото. Ризик од настинка, синузитис, мигрена.

ЉУБОВ, СЕМЕЈСТВО: Склони сте кон диктатура, наредувајќи им на домашните и на партнерот, а заладувајќи ги односите во семејството. Ако сте беќар/мома, ќе имате голема шанса да запознаете нова љубов, но уште од сега почнете да размислувате како да ја зачувате.

Годишен број 2

Оваа година нема да биде ефикасна за вас. Сега е време за семето што сте го засадиле минатата година да ‘рти. Мора да бидете смирени, претпазливи, да размислувате и да внимавате на секој чекор што го правите. Водете сметка при комуникација со другите да бидете љубезни, пријателски и непоткупливи. Умот нека ви биде секогаш вклучен. Оставете го старото знаење настрана и обидете се да научите нешто ново, нешто што ќе ви биде од голема помош при реализирање на целите кога ќе дојде време за тоа. Ќе имате многу шанси за реализирање на вашите желби, но не брзајте, туку чекајте коцките да се наместат сами од себе. Не бидете премногу чувствителни и почитувајте ги луѓето околу вас. Препорачливо е да чекате во текот на оваа година, бидејќи е можен голем чекор наназад во однос на она што сте направиле досега.

РАБОТА, КАРИЕРА: Бидете внимателни, бидете трпеливи. Може да достигнете рамнотежа во вашите активности, но, исто така, може да раскинете договори и зделки. Секакви промени се можни.

ФИНАНСИИ, ПАРИ: Парите ќе дојдат од работа и вашето трпение. Сега е време да штедите. Може да изгубите пари поради преголема доверба. Ќе треба да потрошите пари за подобрување на вашиот животен стил, удобност и ваша безбедност.

ЗДРАВЈЕ: Променливо и нестабилно. Борете се против стрес, паника и грижи. Стомачни проблеми, нерви, бубрези и гениталии.

ЉУБОВ, СЕМЕЈСТВО: Врските со жени ќе бидат нешто појасни, но брачното прашање сè уште е колебливо, нерешено. Можно е да имате караници, што може да се претворат во борба. Беќарите/момите може да си најдат сродна душа. Колебливи емоции, чувства и односи.

Годишен број 3

Годината е плодна за вас. Животот ќе ви покаже за што и за кого да бидете среќни. Ќе има многу пријатели околу вас низ целата година; ќе имате мир, радост и оптимизам. Ќе биде добро да си дадете повеќе време за забава и да се посветите на другите. Запомнете дека е секогаш подобро да завршите една работа наместо да започнете повеќе во исто време. Не бидете самоволни и површни. Нешто што сте започнале пред две години, сега може да почне да се исплаќа. Дајте им шанса на вашите роднини да ве сакаат.

РАБОТА, КАРИЕРА: Имате силна енергија и желба за квалитетна работа. Ќе постигнете просперитет и успех во трговија. Сега е време за проширување и за нови инвестиции.

ФИНАНСИИ, ПАРИ: Време е за инвестиции, кредити или да направите капитал.

ЗДРАВЈЕ: Релативно стабилно, но ќе мора да ја контролирате тежината, циркулацијата на крвта, црниот дроб и грлото.

ЉУБОВ, СЕМЕЈСТВО: Конечно ќе ја расчистите ситуацијата и проблемите, стабилен период. Ќе запознавате нови и корисни луѓе, ќе флертувате и ќе одите на забави. Вести во врска со идно мајчинството.

Премини на следната страна >>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Претходна страница 1 2 3 4 5 6Следна страница

Поврзано

Back to top button