NUDE SMOKEY – апсолутен хит за пролет-лето 2015
Природно убавата кожа треба правилно да се негува. Убавата кожа во комбинација со природни усни и многу малку шминка овозможува да изгледате убаво во кој било период од денот.
Доколку спаѓате во онаа група на девојки кои преферираат природна и „невидлива“ шминка тогаш задолжително треба да го пробате новиот „nude smokey“ изглед кој е апсолутен хит за оваа сезона.
Станува збор за тренд кој моментално е многу популарен во Америка и во кој главниот збор го имаат избледените веѓи. Ова лето како се да се врти околу овој тренд кој е совршен избор за топлите денови. Следуваат неколку совети кои ќе ви помогнат да направите совршена „nude smokey“ шминка со производите на Seventeen.
На почеток нанесете на лицето соодветна течна подлога. Идеална основа за шминка со мат ефект која трае преку целиот ден е течната пудра Matt Plus Liquid Foundation. За природен nude ефект, нанесете мат руменило Natural Matte Silky Blusher.
Употребете коректор Ideal Cover Concealer да ги покриете несовршеностите и да осветлите одредени делови од лицето како челото, областа околу очите, носот и брадата.
Избледените веѓи се најнов тренд кој целосно ќе го промени вашиот изглед, а кој лесно може да се постигне. Сигурно се прашувате како? Ставете еден слој од течната пудра на SEVENTEEN – Matt Plus Liquid Foundation на веѓите, а потоа со мала количина на коректор во светла нијанса нежно исчешлајте ги веѓите. Толку е едноставно.
За овој изглед е важно да се истакнат очите што единствено можете да го направите со тробојната палета на сенки Perfect Harmony Eyes. Нанесете ја најсветлата нијанса под лакот на веѓата. Средната нијанса нанесете ја целосно на окото, во форма на банана. Со најтемната сенка исцртајте го долниот дел на окото, нагласувајќи го аголот. За дополнителен интензитет, ја предлагаме маскарата X Traordinaire со ефект на вештачки трепки.
За долготрајна боја на усните изберете кармин All Day Lip Color во природна нијанса како и природна боја на лак за нокти – Supreme Nail Enamel No. 152. За да видите како да ја изведете оваа шминка можете да го погледнете и следното видео.
{youtube}ZY4cjAoIY9M{/youtube}
Бидете убави и модерни!