Реклама
Кожа и ноктиНокти

Како да го направите најпопуларниот маникир за оваа сезона

Реклама

Елегантен, децентен и секогаш префинет маникир

Маникирот во nude нијанса го обожаваме. Тој секогаш изгледа елегантно и децентно и токму затоа им е омилен како на класичарките, така и на оние кои го обожаваат минималистичкиот стил. Понекогаш овие лакови повеќе се блиски до розовата нијанса, понекогаш до жолтата или сивата, а изберете ја онаа која најмногу одговара на вашиот тен. Тоа можете да го откриете по вените на вашите подлактици – зелените се знак дека ви одговараат потопли нијанси, а ако станува збор за сини – тогаш изберете постудена „nude“ нијанса. Ако пак не сте сигурни каква боја на вени имате – зелени или плави, тогаш сигурно имате неутрален тон на кожата.

Маркетинг

Оние кои имаат потопол тен им стојат убаво сите нијанси со розов под-тон, на оние со неутрален жолт под-тон, а на студениот сивиот. Бојата на место која е премногу топла или премногу студена за вашиот тен може да отскокнува и да се разликува од природноста која што сакате да ја постигнете, но понекогаш и овие лакови кои отскокнуваат од бојата на кожата, надополнети со одредени стајлинзи можат да бидат добитна комбинација.

Маркетинг

Нови nude маникири

Подлога за вакви маникири секако е лак за нокти во „nude“ нијанса која најдобро одговара на вашиот тон и под-тон на кожата. Потоа на ноктите се исцртуваат најразлични мотиви од речиси незабележителни точки па се до впечатливи ѕвезди или децентни златни линии. Можете да креирате и интересни мраморни комбинации или геометриски „nude“ маникир со метални налепници. Повеќе идеи погледнете во продолжение…

Производи за нега на нокти

Покрај оваа популарна нијанса која е апсолутен хит за оваа сезона и со која можете да направите прекрасен маникир, денес ќе ви преставиме и неколку производи од Seventeen со кои многу лесно ќе ги негувате ноктите и ќе добиете вистински украс на вашите раце.

Третман за нокти со природно масло за масажа

98 % Natural Massage Oil Nail Treatment

Еликсир за нега и убавина на вашите раце! Специјално формулиран производ за нега на нокти кој со редовна употреба ги храни, хидрира, измазнува, зајакнува ноктите и ја омекнува кожата околу ноктите. Комплексот од 10 масла ја зајакнува структурата на ноктите и ги обновува ноктите по нивно оштетување и негативни надворешни влијанија благодарение на високата содржина на масни киселини. Производот ги содржи следниве масла: Масло од благ бадем, абисинско масло, арганово масло, масло од бабасу, масло од овес, шолмугра масло, масло од баобаб, сончогледово масло, масло од морков и маслиново масло (органско).

Основа со калциум и витамин Б комплекс

Calcium & Vitamin B Complex Base

Основа со калциум и витамин Б комплекс за третман, заштита и зајакнување на ноктите. Станува збор за производ за третман и заштита што ги храни вашите нокти со што стануваат поотпорни на кршење и кој содржи калциум и витамин Б за зајакнување на ноктите.

Се користи како основа врз која можете да ја нанесете вашата омилена „nude“ нијанса. 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button