Наши ѕвездиНовости

Нозете цели со лузни, на главата крв и рани – познатата фолкерка се огласи, фановите загрижени

Шокантна изјава на мајката на Ана Николиќ, композиторот откри детали од нивниот однос

Advertisement

Пејачката Ана Николиќ ги загрижи сите со својата објава што ја сподели на социјалните мрежи по расправијата со партнерот.

Таа јавно ги покажа последиците од физичкото насилство кое што го пријави во полиција, а го претрпе од Горан Ратковиќ Рале, познатиот композитор и нејзин емотивен партнер веќе подолго време.

Advertisement

На снимката се слуша и како тие се расправаат за пари, а истата се уште кружи на социјалните мрежи и ги загрижи сите.

Принтскрин/ Инстаграм

По пријавата од пејачката од страна на полицијата на Рале му е дадена забрана да и се доближува во следните два дена, а Ана со своја пријателка беше во болница, но и таму направила скандал.

Advertisement

Како што објави „Блиц“, таа во болницата пристигнала во домашни папучи и со марама на главата, а откако не била веднаш примена, почнала да вика, по што медицинските лица почнале да ја смируваат и да и објаснуваат дека не може преку ред.

Принтскрин/ Инстаграм

Потсетуваме, Рале и порано зборуваше во јавност дека Ана има тежок карактер, но и дека таа, а не тој, најчесто прави хаос.

„Кај нас е турбулентно, оди горе-доле како ролеркостер. Јас сум поразумен од неа. Таа е потполно.. знаете ли како изгледа кога ќе земете пинг-понг топче и ќе скока горе-доле? Таков е и нејзиниот мозок. Таа мисли дека јас ја лажам и не ми е јасно од каде и е тоа. Очигледно има некои трауми“, изјави во една пригода Рале за српскиот портал „Блиц“.

Принтскрин/ Инстаграм

Од друга страна, тој во една емисија откри и дека Ана во една пригода тргнала со ножички да го нападне, па одвај извлекол жива глава.

„Колку пати таа ргна со нож на мене, ножички, да не ти зборувам. Знаеш ли дека спијам со вклучен диктафон кога ќе тргне нејзиното лудило. Не знам што може да се случи. Еднаш легнав во студиото да спијам и таа со ножички тргна и јас ја чукнав со ногата, махинално, таа падна и преку неа падна Мона Лиза на главата, знаете ли што кажа? ‘Ох, ми падна Мона Лиза во главата’. Еднаш и се јавив на нејзината мајка и ѝ раскажав, а таа ми вели: ‘Рале, малку си ја тепал’, ете тоа го вели нејзината мајка. Не ја тепав јас неа, туку ја фатив за врат, а таа ме касна за раката. Нејзината мајка ми вели ‘Нека ти е Господ напомош’. Трпам, таа е кралицата Маргарет, а јас сум го*о“ изјави познатиот копозитор во една пригода, па се пожали и дека многу трошела пари.

„Три дена пред настап бара пари да купи нешто. ОК, јас и давам. И еден ден пред настапот повторно купува, и на денот на настапот повторно купува, јас велам дека секој нејзин настап ме чини скапо. Таа купи 50 работи и ниту еднаш не ги облече“, заклучи Горан во една пригода во естрадната емисија „Исповедаоница“.

Принтскрин/ Инстаграм

Потсетуваме, откако Ана се огласи на Инстаграм и исплива скандалот оние што ја следат се загрижени за нејзиното здравје.

Принтскрин/ Инстаграм

Тие апелираат до нејзините блиски дека треба некој да и помогне бидејќи ова што се случува на пејачката навистина е страшно.

Што изјави самата таа непосредно пред да замине во полиција и да го пријави партнерот за насилство, прочитајте тука.

Принтскрин/ Инстаграм

Принтскрин/ Инстаграм

Принтскрин/ Инстаграм

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button