Шминка

Оваа млада дама е новото лице на Yves Saint Laurent

Advertisement

Стаз Линдес има 24 години и е гитаристка, фотографка, модел и жена со бројни таленти, но и новото лице за брендот Yves Saint Laurent Beauty.

Advertisement

Оваа лондончанка е ќерка на Хал Линдес, гитаристот на бендот Dire Straits. Беше забележана во една куглана во Санта Моника, а во моментот живее во Лос Анџелес. Таа е дел од женскиот бунтовнички бенд Paranoyds и очигледно дека музиката и тече низ вените, го дефинира нејзиниот стил и страст кон кожните јакни, винтиџ војната облека и мејк ап кој ги истакнува очите и усните. Таа е силна жена и совршен избор за амбасадорка на брендот Yves Saint Laurent Beauty. „Во средно школо го копирав стилот на француските актерки од 60-тите кои носеа облека со потписот на Saint Laurent. Од секогаш сум го сакала овој бренд, кој за мене преставува комбинација од младешка лежерност, провокација и луксуз. Токму затоа и сум возбудено од улогата на амбасадорка за YSL make up“ , открива оваа прекрасна млада дама.

Advertisement

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button