Баварците го покажаа новиот ’фејслифтинг‘ на нивниот X1 Crossover. Во овие нови ’апдејти‘ се вклучени доправен и дошминкан стил на екстериерот, нова серија на дизел мотор и секако нови спортски додатоци во опремата…
Што се однесува до стилските промени, Х1 содржи нови LED предни светла, пониска предница и нова боја на легурата на бандажите. А кога станува збор за моторот, сите модели на 2012 X1 се дволитарски со четири цилиндри, турбо дизел единици, достапни во разни нивоа на јачина. Основниот модел на Х1 е со заден погон sDrive18d, придвижуван од 141 КС, додека моделот со погон на сите четири тркала xDrive25d има има силина од 215 коња, иако исто така го движи дволитарски мотор – но тоа веќе го кажавме! На ова се надодаваат и сите нови еколошки стандарди и мала количина на емисија на штетни гасови, бла, бла, дрн, дрн…
Она што е поважно за сите прави љубители на вакви ѕверови е дека до стотка иде за 6.8 секунди, а максималната брзина му е 232 km/h. Значи, повторно како и во претходната верзија на моделов (која секој што ја знае, а ние ја знаеме, но нема сега повторно да го тапиме со неа) X1 се движи по тенката линија помеѓу SUV возилата и спортските перформанси. Екстра изглед, одлична брзина со која лесно се примамуваат плавуши со @#ξ#, нуди одлични можности за indoor интимни активности и што уште повеќе човек да посака? Само околу 30 000 евра на лото! „Дај му на човекот Натали, ДАЈ МУУУ!“
Врати се на првата страна.