И Audi како и неколку други брендови за автомобили, пред да започне саемот за коли во Paris, го разоткри својот најнов модел S3…
Станува збор за 296КС моќниот модел со 2 литарски TFSi мотор кој продуцира моќност од 296 коња – точно колку се потребни за да се ’бори‘ со конкурентите на BMW M135i и Mercedes-Benz A45 AMG.
Audi тврди дека од нула до стотка забрзува за 5.1 секунда за моделите кои се со автоматски менувач, 5.4 за мануелните, а максималната брзина му е лимитирана на 255 km/h.
Сосема новиот мотор нема скоро ништо заедничко со веќе постоечкиот TFSI Мотор, освен машинскиот капацитет. Од стариот модел е останата железната обвивка, но затоа има специјална, суперлесна алуминиумско-силиконска цилиндрична глава.
Моделов е опремен со цел спектар од нова технологија, вклучувајќи го новиот систем за директно вбризгување на Audi, наречен FSI direct injection system и посебен термален систам, благодарение на кој се испорачуваат споменатите 296 КС, како и екстремно малата емисија на штетни гасови од само 159 gr/km.
Што се однесува до перформансите, моделов е опремен со познатиот Quattro all-wheel-drive system на компанијата, што значи дека е на погон на движење на сите четири тркала. А во однос на последниот модел, инженерите успеаја да намалат цели 60 килограми, па така колава сега тежи само 1 395kg.
Иако на пазарот ќе се појави на самиот крај од годината, официјалната цена се уште не е потврдена, иако се шпекулира со бројка од околу 38 000 евра. Кој може нека повели!