Во изминативе две-три години се случува вистински бејби бум меѓу нашите познати дами
Во изминатиов период детското плачење ги исполни домовите и израдува многу наши познати девојки. Од Тамара Тодевска која пред само неколку недели го прослави првиот роденден на малата Хана, се до Јана Бурче која исто така микрофонот го замени со пелени и бебешка количка, во продолжение погледнете ги нашите познати дами кои редовно на социјалните мрежи објавуваат фотографии на кои во главна улога се нивните најмили.
https://www.instagram.com/p/BhqR9iJlUxw/?taken-by=katarina_ivanovska
Една од нашите новопечени мами е и манекенката Катарина Ивановска која за многу брзо време откако се породи им се врати на своите професионални обврски.
https://www.instagram.com/p/BhE-JjEF_O_/?taken-by=tamaratodevska
Тамара Тодевска
И нејзината пријателка Тамара Тодевска не изненади сите кога прв пат дознавме дека е во блажена состојба, а сега не радува со секоја нова фотографија или видео што ќе ја објави од нејзината мила ќеркичка.
Јана Бурче
Нашата минатогодишна претставничка на Евровизија Јана Бурче исто така е една од дамите кои во изминатиот период се остварија како мајки, а во оваа група во изминативе година-две се приклучија и водителките Бојана Скендеровски, Милена Антовска Станковска и Хелена Роза.