Овој мини празничен едиторијал за македонските модни блогери и нивниот стилски избор за Нова година го почнуваме со младата блогерка Азизе од блогот rosee96.blogspot.com.
{JFBCLike url=http://stipka.com.mk/moderna/blogerija/13007-novogodisni-predlozi-od-azize?slika=1 layout=button_count show_faces=true width=50 action=like font=verdana colorscheme=light}
Таа предлага три комбинации за новогодишната прослава што одговараат на нејзиниот младешки дух, но уште не е одлучена кој ќе го избере. Инспирирајте се со некој од нејзините предлози и побарајте го избраното парче во нашите галерии со производи.
1. Фустан со светки
{JFBCLike url=http://stipka.com.mk/moderna/blogerija/13007-novogodisni-predlozi-od-azize?slika=2 layout=button_count show_faces=true width=50 action=like font=verdana colorscheme=light}
Ако сакате да бидете забележани, ова е совршениот избор за вас, а исто така светките се во тренд годинава. Јас имам фустан со светки во виолетова нијанса, а златниот ми е на списокот со желби.
2. Црвен фустан
{JFBCLike url=http://stipka.com.mk/moderna/blogerija/13007-novogodisni-predlozi-od-azize?slika=3 layout=button_count show_faces=true width=50 action=like font=verdana colorscheme=light}
Обожавам впечатливи бои и црвената ми е една од омилените и сметам дека е совршена за новогодишната ноќ. Јас избрав пеплум модел бидејќи убаво ми стои кројот, но вие може да изберете модел што вам ви одговара.
3. Фармерки со висок струк
{JFBCLike url=http://stipka.com.mk/moderna/blogerija/13007-novogodisni-predlozi-od-azize?slika=4 layout=button_count show_faces=true width=50 action=like font=verdana colorscheme=light}
Сакам фармерки бидејќи се комбинираат со сè и сешто. Ако не можете да се одлучите што да носите, ова е вистинскиот избор за вас. Комбинирајте ги со кошула, сако, високи потпетици и драматична шминка и подготвени сте за новогодишно славење!
Автор: Александра Спасеска