Наши ѕвезди

Новогодишната магија во домот на Спасен Сиљаноски – ќеркичката се радува, мама Ана никогаш поубава

Пејачот е подготвен за празниците, тука ќе ги помине најубавите денови со сопругата и децата

Advertisement

Познатиот пејач го покажа својот дом

Нашиот познат фолк-пејач Спасен Сиљаноски е активен на социјалните мрежи каде често споделува и приватни моменти.

Advertisement

Спасен овој пат им дозволи на неговите следбеници да го видат неговото топло семејно опкружување во кое растат неговите деца.

Фејсбук/ Спасен Сиљаноски

Имено, пејачот го покажа својот топол дом исполнет со љубов, каде неговите најмили имаат среќно и весело детство.

Овој пат тој сподели момент од дневниот престој и покажа како ужива со сопругата во празничната идила во нивниот дом.

Фејсбук/ Спасен Сиљаноски

На фотографиите доминира големата новогодишна елка украсена со мнноооогу лампиони во златна и црвена нијанса, додека дискретните украси на целиот простор му даваат посебна топлина и шарм.

Спасен покажа и како неговата ќерка Мила ја украсува елката, а еден детаљ посебно ги воодушеви неговите фанови.

Фејсбук/ Спасен Сиљаноски

И сопругата и ќерката Мила беа облечени во новогодишни црвени џемперчиња со бели снегулки, а Спасен блескаше од среќа покрај нив.

Пејачот никогаш не криел дека е посветен родител, но и дека во близина на своите најблиски му е најубаво.

Фејсбук/ Спасен Сиљаноски

Тоа впрочем можевме да го видиме и неодамна, на неговата куќна слава во Пополжани, каде гостите ги развесели со песна.

Фејсбук/ Спасен Сиљаноски

Тој во еден момент ја зеде и хармониката во раце, па заедно со неговиот татко им ја разубавија вечерта на сите.

Фејсбук/ Спасен Сиљаноски

Како изгледаше и овој весел момент во домот на Спасен, погледнете од текстот што следува во продолжение:

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button