Празничната еуфорија е комплетна доколку ја внесете и во кревет, односно покрај убавите перничиња, чаршави и декор во спалната соба кои се во знакот на Божиќ и Нова Година облечете си и пижами и чорапчиња со новогодишен принт, а зошто да не и долна облека. Покријте се со ќебето со снешковци и навистина ќе се чувствувате како излезени од божиќен филм.
Кога сме кај пижамите со интерсни и забавни принтови поврзани со Нова Година, лесно е да најдете, сега има насекаде избор. Од тезгите на пазраите до брендираните бутици. Дедомразовци на пижами, џемепри со снегулки, слатки чорапчиња со снешковци, тренерки со ирваси, црвени капи, шалови….
Ние ѕирнавме во најновата колекција на нашиот бренд Sara fashion и мораме да ви признеме дека не само што не не разочараа туку не воодушевија.
Многу се разликуваат од останатите. Ќе најдете една убава карирана колекција во сина боја наменета за цело четиричлено семсјство. Навистина преубав амбиент, а на овој начин ќе им направите и малку забава на вашите дечиња кога ќе ве видат сите облечени во исти пижами.
За дамите неколку типови на дводелни пижами со специфични принтови. Убава бордо боја со срценца, темно зелена со ѕвездички.
Не го заборавиле и посилниот пол и се погрижоле за многу интересен и елегантен дезен за мажите.
Шик долна облека со новогодишни апликации. „Дедо мраз донеси ми вино“. Ова е интересно да го размислите како опција за подарок на саканиот или саканата.
И на крајот тука се преубавите чорапчиња кои навистина внесуваат забава во домот.