Новогодишен спектакл под Исарот – овој македонски град прв ја прегрна новогодишната бајка и блесна во илјадници светилки! (фото)

Штип вечерва стана првиот град во Македонија што го означи стартот на новогодишната бајка со спектакуларно осветлување на градот и централната елка на плоштадот „Слобода“. Точно во 17 часот, срцето на градот блесна во празнична атмосфера исполнета со детска радост, семејна топлина и искрено заедништво, претворајќи го центарот во вистинска зимска приказна.
Голем број граѓани се собраа да го проследат моментот на симболичкото „палeње“ на новогодишните светилки, со што Штип и официјално ја отпочна празничната сезона. Илјадниците светилки, раскошните декорации и големата елка создадоа волшебна сцена што го обедини присуството и емоциите на сите генерации. Градоначалникот Иван Јорданов, преку објава на својот Фејсбук профил, ја пренесе празничната еуфорија и упати топла честитка до сите жители на градот.
„Драги мои Штипјани, мали и големи, вечерва градот се претвора во вистинска новогодишна бајка! Во 17:00 часот на плоштад ‘Слобода’ започнува нашата авантура исполнета со радост, детска еуфорија и топла поврзаност меѓу генерациите. Замислете ги илјадниците светилки што блескаат токму од вашата позитивна енергија, вашите гласови и вашата искрена празнична радост. Дојдете вечерва да одбројуваме заедно, да ја чувствуваме новогодишната возбуда, да ги држиме најблиските за рака и да создадеме спомен кој ќе го грее Штип цела година. Штип светка најсилно кога сме заедно!“, напиша Јорданов.
Настанот понуди можност граѓаните да се фотографираат со празничните декорации, да уживаат во свеченото одбројување и да ја почувствуваат новогодишната магија што го обои центарот на градот. Со ова Штип не само што ја започна празничната сезона, туку даде и пример како духот на заедништво може да го „запали“ најсветлиот пејзаж.
Општина Штип ги повика сите граѓани и во наредните денови да продолжат да ја исполнуваат празничната сцена, создавајќи незаборавни моментиШтип кои ќе го одбележат целиот декември.








