NEWSВестиЦрна хроника

Ново прегазување на пешак од автомобил во Скопје

Advertisement

Педесет и деветгодишниот А.Д. се здобил со тешки повреди, кога во него удрило „пежо“ на улицата Славка Динкова во Скопје.

Несреќата се случила вчера околу 17.40 часот, а зад воланот била 51-годишната Б.П.

Advertisement

„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, додека со телесни повреди се здобила Б.П., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, соопшти МВР.

Само 20-на минути порано, била пријавена и сообраќајката во која пешак се здоби со тешки повреди кај гимназијата Јосип Броз Тито.

Патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.М.(40) удрилo во пешакот О.Д.(51), двајцата од Скопје.

И во двете несреќи извршен бил увид.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button