БизнисДијаспора

Ново покачување на платите во Германија – еве кои МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЦИ ќе се офајдат со овие мерки

Во една германска покраина од мај следуваат по 200 евра поголеми примања за 80.000 работници и тоа во дејноста во која работат и многу Македонци во оваа земја...

Advertisement

Ново покачување на платите во Германија

Германија и покрај тоа што се соочува со сериозни економски предизвици, во еден сектор наскоро ќе им бидат покачени платите.

Advertisement

Станува збор за најсеверната германска сојузна покраина Шлезвиг-Холштајн каде од мај оваа година сите работници кои работат во хотели, ресторани и снек барови ќе имаат минимална саатница од 15 евра, пишуваат германските медиуми.

Со ова покачување ќе бидат опфатени околу 80.000 работници кои работат во туристичката индустрија во оваа покраина. И бидејќи станува збор за „општа применливост“ тоа значи дека ова покачување важи за сите работодавци и работници во хотелиерството и угостителството, пишуваат германските медиуми.

Advertisement
Фото: Фрипик

Важи и за оние кои немаат колективен договор

Новата минимална саатница важи и за оние кои не се обврзани со колективни договори, така што очекувањата се дека веќе не би требало да има такви кои ќе плаќаат значително помалку.

Повеќе пари и за практикантите

Според владата во оваа сојузна покраина, луѓето во хотелската и ресторанската индустрија моментално заработуваат помеѓу 2.330 евра (за релативно едноставни работни места) и најмалку 3.435 евра (за функции со посебен ефект и главно самовработени) месечно.

Од мај нивните плати ќе се зголемат за 200 евра.

Таксите за обука се исто така фиксни.

Тие во моментов изнесуваат 980 евра во првата година на обука, 1.080 евра во втората година на обука и 1.280 евра во третата година на обука.

Од 1 мај се зголемуваат и таксите за обука за по 100 евра.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button